Вицеви за коли и возачи

Седнуваат маж и жена во елитен ресторан да вечераат!
По извесно време во ресторанот влегува згодна девојка, се упатува кај мажот и му седнува во скутот:
- Па каде си љубов моја, те нема да се јавиш 7 дена, не си дојден не памтам од кога, кога ќе се видиме, јави ми се обавезно, станува и си оди!
Жената го прашува својот маж:
- Која ти е оваа?
Мажот мртов ладен одговара:
- Швалерка!
Жената шокирана:
- Ѓубре едно, зар пред моите очи, утре барам развод, оди во п. М.
А мажот :
- ОК! Утре добиваш развод но сфати го следново, кога ќе се разведеш, нема летување во Грција, Шпанија, Египет, Хаваи, Кариби... нема зимување на Алпите, Копаоник... нема скапи коли, јахти, шопинг, накит, шминки, вечера во скапи ресторани...
Жената замолчува.
После неколку минути во ресторанот влегува нивниот познаник, но не со жената туку со згодна девојка!
Кога го виде, жената го прашува својот маж:
- Која е онаа?
На тоа мажот одговара:
- Неговата швалерка!
А жената ни 5 ни 6 вели:
- Нашата е поубава!
Пет германци во Audi Quattro застанале на италијанска граница. Италијанскиот цариник ги застанува и им вели:
“Илегално е да се возите петорица во Quattro.“
- Како тоа мислите илегално?, прашал германецот кој ја вози колата.
- Quattro значи четири, напоменува цариникот.
- Тоа е само името на колата човеку, одговорил германецот не можејќи да поверува што слуша. Еве и во документите видете: колата е дизајнирана за 5 патници.
- Еј, немој да мислите дека со тоа ќе ви прогледам низ прсти, одговорил италијанецот. Quattro е само за четворица. Вие сте петорица во автомобилот и го прекршувате законот!
- Германецот луто му викнал: Ти си идиot! Викни го веднаш твојот претпоставен. Сакам да разговарам со некого кој има повисоко ниво на интелигенција!
- Извинете, но тој нема да може да дојде.
Зафатен е со оние двајца што се возат во Фиат Уно.
13-годишна тинејџерка му вели на татко си:
- Тато, нешто ме боли грлото!
- Од што?
- Мислам дека е од водката што ја пиев сношти…
- Ти пиеш?!
- Па да, излеговме со дечко ми…
- Имаш и дечко?!
- Е де, де, не ми е од вчера…
- И како изгледа?
- Па… 3-та средно е, има пирс на носот, малку е немирен, ама ќе отиде на разговор со педагогот на гимназијата и ќе се смири!
- Ооооо!
Таткото веќе е блед како крпа.
- Оф, и главата нешто ме боли, сигурно е од дискотеката…
- Си била и во дискотека???
- Па, да! Само тамо дозволуваат да се пуши трева…
- Ти пушиш трева?!!!
Таткото веќе е пред инфаркт…
- И мислам дека ти ја чукнавме колата!
- Твојот дечко ја возел мојата која?!
Таткото веќе се фаќа за срцето и легнува да умира.
Ќерката:
- Се зафркавам бе татичкооо!
- Сакав само да ти кажам, дека има многу пострашни нешта од еден ќец по математика…