- Ако ми позајмиш 100 евра, ќе ти бидам должник цел живот.
- Кој ќе умре на есен, за него нема зима.
- Жените се делат на вдовици, и оние кои работат на тоа.
- Мене парите и славата не ме интересираат, ме интересираат само парите.
- Имам проблем со жена ми, ми се меша во бракот.
- Штедете на солзавец, плачеме и без него.
- Убиј еден - тогаш си убиец, убиј 100 - тогаш си херој, убиј милиони - тогаш си државник.
- Затоа што паметните попуштаат, глупавите владеат со светот.
- Матичарот е судија кој осудува на доживотно!
- Единствено клинецот не оди со глава низ ѕид.
- Австрија - тоа е Германија надвор од себе.
- Гулаби - тоа се птици серковци.
- Не ми смета што сонувам на англиски, ама ме нервира преводот на германски.
- Да грешиш е човечно, ама чувството е боженствено!
- Или бомбардирајте, или да кречам.
- Сите печурки се јадат, ама некои само еднаш.
- Најлесен начин за името да ти се најде во весниците е да ги читаш додека идеш преку улица.
- Кога полицаец скока во вода, се слуша "ГЛУП"!
- Барав жена преку оглас, се јавија стотици со молба "Земете ја мојата"!
- Очај - кога ќе си отсечеш прст за да не идеш во војска, а комисијата ќе те ослободи поради рамни стапала.
- Кој пее зло не мисли, а кој мисли - не му е до песна.
Умира премиерот на Македонија. Утредента оди кај Свети Петар.
- Здраво Г-дин премиер.
- Здраво Свети Петар!
Вие Г-дин премиер сте важна личност и наш ред е да ви дадеме право на избор каде сакате да идете, дали во Рајот или во Пеколот. Затоа ќе останете по еден ден и на двете места за да видите како е и сами да си одлучите каде сакате да останете.
Одат прво во Пеколот. Влегува премиерот, гледа огромен базен, жени околу него. До базенот бар и сите стари негови пријатели од матните денове костумисани и дотерани. Свири некој добар бенд, околу играат жени. Ѓаволот страшен, облечен во некое скапо сако, се расфрла со пари и со жени околу него. Убавина! Поминува првиот ден, премиерот презадоволен!
Вториот ден оди во рајот. И таму многу убаво. Тишина, зеленило како на Беровско езеро. Свири убава музика, мил народ насекаде... И таму си поминал многу убаво, арно ама Пеколот му напраил многу поголем ќеиф и одлучил таму да се врати.
Оди премиерот повторно во Пеколот, влегува и има што да види. Пусто, чад од сите страни, смрдеж на умрено, пријателите негови како бездомници, невестите грозни...
- Премиерот: Абе, ѓаволе, вчера бев тука супер беше, базен, музика, жени, што бидна?...
- Ааа, Г-дин премиере. Исто како кај вас. Тоа вчера беше предизборна кампања, денеска веќе си гласал...
Трпе му бил шофер на директорот, во компанијата кај што работел.
Директорот имал многу јака секретарка, на која Трпе и го имал удрено меракот, па цело време и се пуштал. На девојката и здосадило и му рекла:
- Добро бе Трпе, ако можеш да ме eбeш 3 саати без престан, ќе ме имаш кога сакаш. Ама ако не издржиш, ќе ми ја даваш твојта плата наредните 3 месеци!
Паднал облогот, ама Трпе издржал само 2 саата.
По некое време, директорот приметил дека Трпе е во депресија. Па го прашал што му е.
Трпе му признал се, на директорот му паднало жал, па отишол кај секретарката, и и дал еден предлог.
Ако он ја eбe повеќе од 3 саати, да му и врате платите на Трпе, а ако не он да и даде 3 директорски плати.
Секретарката се сложила, директорот издржал 3 саати. Секретарката му ги вратила парите.
Директорот му се јавил на Трпе да дојде кај него во канцеларија да му ги вратил парите и му рекол:
- И од утре да се знае, кој во фирмава eбe, а кој вози!
Двајца психијатри седат на висок мост на кој имало многу туристи. Едниот вели:
- Секогаш тврдиш дека си подобар психијатар од мене. Ако можеш да убедиш тројца од овие туристи да скокаат од мостот и да се искршат, тогаш ќе ти дадам рака и ќе признаам дека си подобар.
Другиот прифатил. Тој внимателно ги погледнал луѓето наоколу, му пристапил на еден и му рекол:
- Ти си Американец, нели?
Човекот потврдил.
- А знаеш ли дека си шворц. Кредитната картичка ти е блокирана, куќата и автомобилот ти се конфискувани од банката?
- Тогаш зошто ми е ваков живот? – Рекол Американецот и скокнал од мостот.
Психијатарот погледнал наоколу и избрал втор човек.
- Ти си Французин, нели? Дали знаеш дека твојата сопруга избега со твојот најдобар другар, а љубовницата си најде друг?
- Тогаш нема зошто да живеам! – Рекол Французинот и скокнал од мостот.
Психијатарот му пристапува на трет:
- Ти си Македонец нели?
- Да.
- А знаеш ли дека од овој мост е забрането да се скока?!