Трпана имала љубовник во друг град. Не знаела како да се извлече од дома за да се види со него, па љубовникот и рекол да излаже дека ќе оди на погреб на некој роднина. Така и направила, но маж и и рекол и свекрвата да оди со неа. Му се јавува таа на љубовникот и му кажува дека и свекрвата ќе дојде со неа и го прашува што да прави.- Доведи ја и неа. Ќе и најдеме некој. И таа ќе биде задоволна – и вели љубовникот.После „погребот“ одејќи си дома, снаата ја прашува свекрвата:- Мамо, што ќе кажеме кога ќе стигнеме дома?- Ти снао кажи што сакаш, а јас како што е ред, после 40 дена морам пак да одам. 0 0 0
Која е разликата помеѓу пчела и свекрва?- Пчелата боцка и одма умира, а свекрвата боцка, боцка и не умира. 0 0 0
Ѕвони свекрвата кај снаата:- Како е мојот син?- Ами како е... Пие ракија, скита по жени, мене пак ме тепа за ситници...- Убав на мајка, само да не е гладен. 0 0 0
Која е разликата помеѓу сонцето и свекрвата?- Нема разлика, ниту едното ниту другото не можеш да го гледаш. 0 0 0
Снаава се шетала дома гола и свекрвава ја гледа и и вика: Што се шеташ ма гола? а снаава: Па то е нова мода ова е адамова облека. Вечерта и свекрвава се соблекла гола и дедово ја гледа и и вика: Мори бабо шо си ваква гола? свекрвава: Јас не сум гола тоа е адамова облека, дедово: Барем испеглај ја! 0 0 0
Кога ги измислиле огледалата накој маж донел дома огледало и го ставил во подрумот и секогаш пред да излегува одел во подрумот и се дотерувал но еден ден неговата жена кога го видела огледалото извикала:- Оди да видеш свекрво твојот син има друга жена во подрумот!!!- И свекрвата рекла:- Не се секирај таа е постара и од мене. 0 0 0
Враќа се Ѓоко од час по веронаука и прашуе га мајка му:- Мамо, мамо која била на Еву свекрва?Мајка му:- Сине, Ева немала свекрву, тој е било рај!!! 0 0 0
Млада невеста насабајле се шета гола низ дома, и ја сретнува свекрвата и и вели:Свекрвата:- Леле чедо, што така гола, ами срамота е, земи одма облечи се да не те види некој!Снаата:- Ами ова сега е модерно, ова е невидлива спавача.Другиот ден еве ја свекрвата се шета гола по дома и ја сретнува мажот - свекорот и и вели:- Аман мори кај туку се шеташ гола, не ти е срам, ај земи облекувај се да не те види некој!Свекрвата:- Ами ова сега е модерно, ова е невидлива спавача.Се подзамислил малку мажот и и вели:- Ами ако е модерна во ред, ама ај земи малку испеглај ја негледаш дека целата е истуткана??? 0 0 0
Една година на свекрвата и купив плац на гробиштата за Божиќ.Следната година ме праша што и купив. Јас ѝ одговорив:- Па ништо, ти не го искористи ни подарокот од минатата година?!? 0 0 0