Трпе ја среќавал комшивката која била многу убава, но била мажена.
Секогаш кога ќе ја сретнел и велел:
- Леле какво парче си, штом те видам, полудувам.
Еден ден таа застанала и рекла:
- Постојано зборуваш а ништо не превземаш. Донеси ми 1000 евра и работата е завршена.
- Сериозно?!
Трпе не можел да им поверува на своите уши. Наредниот ден отишол кај комшивката, и дал 1000 евра и завршиле работа.
Вечерта кога мажот се вратил од работа прашал:
- Жено, да не помина Трпе денес кај нас?
Жената помислила дека некој ја издал.
- Да, дојде... Зошто?
- Колку пари ти даде?
- 1000 евра.
- Значи многу е поштен Трпе. Вчера дојде кај мене на работа и ми вели: „Комши, дај ми 1000 евра на заем, утре до ручек ќе ти ги вратам.“
Се враќа жената порано од работа и го фаќа мажот и во спална како води љубов со многу привлечна помлада жена.
- Свињо ниедна! Како се осмелуваш да ми го направиш ова на мене – твојата верна жена, мајката на твоите деца! Те напуштам. Сакам развод веднаш!
Мажот и и рекол тивко:
- Може ли барем да ти објаснам што се случи те молам?
- Во ред, кажи ми, ама да знаеш дека тоа ќе ти се последните зборови што ќе ми ги кажеш!
- Вака... се качував во кола од работа кога оваа млада дама ме замоли да ја префрлам. Изгледаше толку тажна, осамена и нежна, па ми падна жал и ја качив во кола. Забележав дека е многу слаба, во валкана облека. По пат ми кажа дека не јадела цели три дена! Бидејќи ми стана ептен жал, ја донесов дома и ја стоплив пицата што ти ја направив синоќа а ти не сакаше да ја изедеш за да не се здебелиш. Кутрата, за 2 минути ја изеде цела.
Бидејќи беше многу валкана, и понудив и да се истушира. Додека се тушираше, забележав дека облеката и е многу стара, валкана и полна со дупки па и ја фрлив. Бидејќи и требаше облека, и ги дадов твоите фармерки, оние што со години не ги носиш дека ти биле премногу тесни. Исто така и ја дадов долната облека што ти ја купив како подарок за годишнина, а не ја носиш затоашто не сум имал вкус за долна облека. Ја најдов и блузата што ти ја подари сестра ми за Божиќ а ти не ја носиш само за да ја нервираш. И ги дадов и твоите чизми што ги купи во оној скапион бутик а не ги носиш затоа што некоја твоја колешка од работа носела исти такви...
Зима длабока воздишка мажот и продолжува:
- Беше толку среќна и благодарна, само да можеше да ја видиш, додека се облекуваше а јас стоев на врата, со солзи во очите ми рече:
- Те молам господине, дали имаш уште нешто што жена ти одамна го нема користено?