Skip to main content
Летале Србин, Словенец и Македонец со авион, кога наеднаш откажале моторите и почнал да паѓа авионот. Се вртат тројцава и гледат два подобрана.
Словенецот вика:
– Слушајте луѓе, ние сме мала држава,плус најпаметни,јас мислам заслужувам еден подобран.
– Во право си, вика Србинот, грабнува еден подобран му го дава на Словенецот и овој скока.
– Што праиме сега ние двајца, а само еден подобран, прашува Македонецот.
Србинот одговара:
– Не бери гајле, имаме два подобрана. На Словенецот му дадов празна торба, тој е паметен до доле ќе смисли нешто.
Во една месарница, влегува куче, но месарот веднаш го брка надвор. Сепак тоа е упорно и постојано се враќа држејќи платнена торба во забите.
По некое време месарот, љубопитен, ја зема торбата и гледа што има во неа. Внатре наоѓа плико со 1,000 денари и писменце во кое пишува:
- Ве молам дајте ми пола кило јунешко и кобасици за останатите пари.
Зачуден и уште пољубопитен, месарот го прави токму тоа. Кучето излегува, а тој се решава да го следи. Кучето минува на пешачки премин, застанува н автобуска станица и чека автобус. Се качува и се вози пет станици, потоа се симнува, чека на семафор и поминува кога се пали зелено, потоа доаѓа до една куќа, гребе на влезната врата, но никој не му отвара. Тогаш оди од страна и скока на прозорецот неколку пати додека еден човек конечно не го забележи, му отвори и почне да вика по него:
- Идиоту еден, колку пати ќе ти се случува истото, да не можеш да се научиш, глупав еден...
Тогаш месарот скокнува од грмушката каде што се крие и револтиран доаѓа до човекот па му вели:
- Како така викате по кучето, па тоа е сигурно најпаметното куче на светот.
- Овој паметен? Да беше паметен немаше трет пат да го заборава клучот од вратата.