Фраер и се пушта на убава девојка, која предава веронаука во училиште. Ја кани на состанок и таа се согласува. Ја прашал:
- Може да се напиеме нешто?
- Не, благодарам. Ако прифатам покана на пијалок, што ќе им кажам потоа на своите ученици на часот по веронаука?
После долга прошетка по градот и понудува цигара, а таа одбива со зборовите:
- Не, благодарам, тоа никако. Што би им кажала на моите ученици по веронаука после такво нешто?
Се враќаат во кола, а на патот кон дома типот здогледува мотелче. Си помислил, ај, нема што да изгубам, па ја прашал:
- Сакаш да поминеме таму?
- Може!
- Му одговорила.
Изненаден од нејзиното прифаќање, ја прашува:
- Полека, полека, што ќе им кажеш на своите ученици по веронаука?
Таа му одговара ладнокрвно:
- Токму тоа што секогаш им го кажувам:
"Не мора да пиете и да пушите за да си поминете фино"
Разговараат Блажо и Перо за проблемите кои ги имаат со невестите кога се враќаат касно дома.
Перо:
- Не си свесен јас какви проблеми имам. Жената моја и најмалиот звук може да ја разбуди, а јас правам се за да не ја разбудам. На таксистот му велам да ме остави две улици подолу за да не го слушне звукот. Ја отварам внимателно вратата од куќата се качувам внимателно по скалите, влегувам во спалната соба и таман кога треба да легнам до неа се разбудува и почнува да вика: Пак си пијан, барабо една, каде беше до сега? И тоа го зборува три дена.
Блажо:
- Голема грешка правиш! Слушај јас како правам. Доаѓам со таксито директно до куќа и му велам нагло да закочи, гумите да зашкрипат. После тоа ја отварам вратата од куќата и со сета сила ја затворам, да се затресе цела куќа. Доаѓам до спалната, ја удирам Мара по газ и и викам на цел глас:
- Жено!
- Сакаш малку да се...!!!
А она се прави дека спие.