01 - Закон за нормалноста.
- Сите изгледаат нормално додека не ги запознаеш.
02 - Закон за слушање.
- Ако мислиш дека никој не те слуша, пробај да прднеш.
03 - Закон за пад
Ако не успее од прва, падобранството дефинитивно не е за тебе.
04 Закон за грижа.
- Ако мислиш дека на никој не му е гајле што си жив, пробај скокни една рата од кредитот.
05 - Закон за перверзија.
- Не се секирај, перверзно е само првиот пат.
06 - Закон непостоечки
Постојат две главни теории за надмудрување со жените. Ниедна не е добра.
07 - Закон за дуплирање.
- Ако сакаш да дуплираш илјадарче, најдобро е да го превиткаш на пола.
08 - Закон за времето.
- Времето не проаѓа подеднакво, зависи од тоа на која страна си од вратата на вецето.
09 - Закон за уникатност
Секогаш имајте на ум дека вие сте единствени. Како и секој друг.
10 - Закон за уверливост
Никогаш не ја проверувај длабочината на водата со двете нозе.
11 - Закон за недостаток
Сексот е како воздух. Не е претерано важен, освен ако го нема.
12 - Закон за кредити
Ако некому позајниш 100 € и никогаш повеќе не го видиш, веројатно вредело за парите.
13 - Закон за искуство
Искуството е нешто што нема да го добиеш, се додека не помине времето кога ќе ти треба.
Плавуша, жена на Трпе, ептен имала мерак да готви. Секој ден испробувала по еден нов рецепт и го готвела со голем мерак. А, еве како изгледа нејзиниот дневник:
Понеделник: Еве заврши и медениот месец и се сместивме во нашиот нов дом. Многу е забавно кога готвам за Трпе. Денес направив преубав колач по овој рецепт: „Изматете 12 јајца одвоено“. Но, немав доволно садови (12?!) па морав да позајмам неколку од комшиите. Колачот излезе супер.
Вторник: Сакавме овошна салата за вечера. Во рецептот пишуваше: „Послужете ја без ништо“. Тоа и направив. Се соблеков гола. Но, Трпе донесе некои пријатели на вечера. Никогаш не сум видела така зачудени лица додека послужувам салата.
Среда: Се одлучив да правам грашок по рецепт кој вели вака: „Потребно е добро миење пред да се стави грашокот во водата“. Така, ја загреав водата, се избањав, па дури после го ставив грашокот да се готви. Не ми е јасно зошто, и вака и така немаше ништо подобар вкус.
Четврток: Денес Трпе бараше салата. Пробав нов рецепт. Вели: „Исецкајте ги сите состојки и потоа истурете ги по листовите од зелената салата еден час пред да ја послужите.“ Морав да истрчам скроз до градината на мајка ми. Ги истурив состојките по листовите од зелената салата и чекав цел саат за да случајно кучето не ги изеде. Трпе помина да ме праша дали се чувствувам добро. Се прашувам зошто?
Петок: Денес најдов едноставен рецепт за колачиња: „Ставете ги сите состојки во сад и добро измешајте – и тоа е тоа.“ Откако го направив ова отидов кај мајка ми. Веројатно нешто не е во ред со рецептот или садот, затоа што кога се вратив дома, смесата во садот изгледаше исто како кога ја оставив.
Сабота: Трпе беше денес на пазар и донесе кокос. Ме замоли да го спремам за недела. Не бев сигурна како се облекуваат кокосите во недела, но најдов едно слатко фустанче и мали чевличиња. Изгледаше преслатко, но кога Трпе го виде, излезе од кујната броејќи до 50?!
Недела: Денес дојдоа родителите на Трпе на вечера. Сакав да направам печење, ама во замрзнувачот имавме само хамбургер. Така, го ставив во рерна и подесив на командата печење. Мора нешто на не е во ред со рерната, затоа што на крајот од печењето повторно излезе хамбурер?!
Добра ноќ драги дневнику. Ова беше возбудлива недела. Одвај го чекам утрешниот ден да испробам некој нов рецепт за Трпе.
Нема ни грам вистина во тоа дека информатичарите носат карирана кошула и дека размислуваат бинарно.
Тие имаат совршена програма во главата, па поради тоа разликуваат 10 типови на жени:
1. Интернет жена:
Морате да платите за да добиете пристап до неа.
2. Сервер жена:
Секогаш е зафатена и преокупирана кога ви е вас потребна.
3. Windows жена:
Знаете дека има многу недостатоци, но без неа не можете да живеете.
4. PowerPoint жена:
Совршена да ја презентирате на некоја свеченост.
5. Excel жена:
Вели дека знае и може да направи многу работи, но вие ја користите само за оние 4 основни.
6. Word жена:
Од ден на ден, се повеќе ве изненадува! Не постои никој на светот што може да ја разбери.
7. Емаил жена:
Од десет работи кои ви ги кажува, девет се чиста глупост.
8. MS DOS жена:
Сите веќе ја имале, но никој повторно не ја сака.
9. Screen saver жена:
Нема битна функција, но не зависно од тоа, многу сакате да ја гледате.
10. Backup жена:
Мислите дека има се, но кога нешто ќе ви затреба, сваќате дека нешто и фали.