На малиот Трпе му било време за да си фати женска, ама постојано си одело со Трпе и Трпана и не се делело од нив.
Еднаш отишле на плажа и Трпе му рекол на синот:
– Сине абе оди прошетај малку види ја плажата разгледај какви луѓе има, не ми седи тука од тебе човек не може да прдне, ее!
– Епа добро тато.
И отидел малиот Трпе по плажата го видел морето и се вратил и му рекол на Трпе:
– Tато јас отидов, видов, ама никој не ме погледнува, ништо!
Трпе му вика:
– Добро сине ја ќе ти кажам една финта од мое време. Ќе земеш ќе си ставиш еден компир во купаќите и ќе се прошеташ така па ќе видиш како сите ќе те приметуваат.
Го послушал Трпе и отишол. И за кратко време, пак се вратил. А на Трпе многу го печело сонцето и си ставил шешир.
– Тато ја се вратив. Сите ме гледат и приметуват ама ми се смеат.
Трпе го трга шеширот, го гледа и му вели:
– Па како нема да ти се смеат кога компирот си го ставил одпозади??
Докторот му вели на Трпе дека мора да му направи спермограм, му дал едно шишенце и му рекол да го наполни и да го донесе другиот ден.
Доаѓа Трпе другиот ден со празно шишенце, и докторот му вика:
– Па зар не ти реков да го наполниш?
– Пробав докторе, прво со левата рака, па со десната и не бива. Потоа ја викнав жена ми, и таа почна прво со левата рака, па со десната, па потоа проба со уста и пак не бива. Па ја викнавме и комшивката, и таа проба се, и ти велам докторе дека нема теоретски шанси да го отвориме ова шишенце.