Мујо молзел крава. Само што ја наполнил кантата, кравата се ритнала и го истурпла млекото.
Мујо и ја врзал ногата и пак седнал да ја молзе. Таман ја наполнил кантата, кравата се ритнала со другата нога пак ја превртела кантата. Мујо, сега лут, и ја врзал и другата нога и пак почнал да ја молзе. Само што седнал, кравата почнала да го удира со опашката по лицето. Мујо и ја врзал опашката за гредата над неа. Додека го врзувал јазелот, му пукнал ременот и панталоните му паднале. Во тој момент наишол Хасо и повикал:
– Ау, Мујоо!!! Ама, што правиш бе!
– Ја молзам кравата! Што да ти кажам друго, нема да ми веруваш!
Сосетките седат и си пијат кафе и едната и се жали на другата:
– Кажувај некој совет, што да правам? Стојан ме тепа секој пат како се прибере пијан.
– Не се секирај, го знам лекот. Купи си чај од камилица и кога ќе се прибере пијан, започнувај да правиш гаргара.
Тепаната не видела некоја смисла во советот, но сепак решила да проба. По една недела, двете пак се гледаат. Тепаната и вели на другата:
– Леле, Господ да те богослови! Откако почнав гаргара со камилица, со прст не ме допре.
– Ееее, па прашај паталец… друго си е кога си ја држиш устата затворена…