Вицеви за образованието

Во читалната на библиотека студент и приоѓа на една студентка:
- Извинете, дали имате нешто против ако седнам до вас?
Девојката наеднаш почнува да вика со силен глас:
- НЕ САКАМ ДА ЈА ПОМИНАМ НОЌТА СО ТЕБЕ!
Сите студенти во библиотеката го погледнале дечкото и тој навистина се засрамил.
После неколку минути девојката тивко се приближила до дечкото и му рекла:
- Јас студирам психологија и знам како размислуваат мажите. Претпоставувам дека твојата машка гордост беше повредена и сега се чувствуваш засрамен.
Дечкото на тоа и одговорил со висок тон:
- 1000 ЕВРА ЗА ЕДНА ВЕЧЕР? ДА НЕ СИ СЕ ПРЕЦЕНИЛА МАЛКУ?
Потоа се свртел кон неа и и рекол:
- Јас студирам право и знам како да натерам некој да плати за своите дела.
За време на лекција во петто одделение, наставникот ги прашува учениците:
– Деца, што е тоа што најмногу го возбудува човекот?
Од првиот ред крева рака Трпе:
– Ништо не може повеќе да возбуди човек од глетката на гола жена!
– Трпе, марш надвор од час и да му кажеш на татко ти утре да дојде во училиштето!
Следниот ден, наставникот влегува во петто одделение и гледа дека Трпе се крие во последната клупа.
– Трпе, стани! Мислиш нема да те видам ако се преместиш од првата во последната клупа? Зошто не му кажа на татко ти да дојде?
– Му кажав наставнику, и тој ми рече дека ако вас не ви возбудува глетката на гола жена, тоа значи сте геј и дека за мене е подобро да седам подалеку од вас!