Вицеви за образованието

Си биле претседателите на Македонија, Франција, Англија, Грција, Персија и Бугаријa…
- Персијанецот станува и вика:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на перските килими, најубави килими имаме ние!!!
- Французинот:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на Ајфеловата кула, најубава кула и највисока на свет!!!
- Англичанецот:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на Елизабета II, најубава кралица сме имале ние!!!
- Бугаринот:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на бугарската музика, многу убава музика имаме!!!
- Гркот:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на грчката литература, најубава литература имаме ние!!!
- Македонецот се мисли и почнува:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на крали марко, што имал cekc со елизабета под ајфеловата кула, на убав персијски килим со убава бугарска музика. Ако не ми верувате прочитајте во грчката литература !!!
Студент оди кај Професор и го моли за шестка:
Студентот : Професоре дај пиши ми 6 да ја земам годинава, да не ме бутнат за еден испит.
Професорот : Ако изброеш колку сијалички има овде во собава.
Студентот : (Брои) еден два три четири пет шест (и му вели) шест Професоре.
Професорот : (Професорот изваѓа една сијаличка од џеб и му вика) е неточно изброи и оваа во џебов што ја имам вкпуно се седум....
Студентот повторно го наоѓа Професорот и го моли...
Студентот : Професоре дај молим те пиши ми 6 уште твојот испит да го земам и ја минам оваа година.
Професорот : Е ај повтороно изброи колку сијалички има во собава.
Студентот : (Брои) еден два три четири пет шест (И му вели) седум Професоре.
Професорот : Е кај најде сега седум јас немам сијаличка у џеб овој пат.
Студентот : (Вади сијаличка од неговиот џеб и му вика) Сега јас имам професоре!!!
1. Во која битка загина Наполеон?
- Во неговата последна.
2. Каде беше потпишана Декларација за независност?
- Најдолу.
3. Која е главната причина за развод?
- Бракот.
4. Што не треба да изедеш за доручек?
- Ручекот и вечерата.
5. Што изгледа како половина од јаболко?
- Неговата друга половина.
6. Како може еден маж да помине 8 дена без да спие?
- Нормално... Ќе спие навечер.
7. Како можеш да подигнеш слон со една рака?
- Каде можеш да најдеш слон со една рака?
8. Доколку во една рака имаш 3 јаболка и 4 портокали, а во другата 4 јаболка и 3 портокали, што би имал?
- Огромни раце.
9. Ако на 8 мажи им се потребни 10 часа за да изградат еден ѕид, колку време ке им биде потребно на 4 мажи ?
- Нула... ѕидот е веке изграден.
10. Како можеш да фрлиш јајце на подот без да го скршиш?
- Како сакаш. Тешко е да го скршиш подот со јајце.