Вицеви за образованието

Учителката пишува со левата рака на таблата, а малиот Трпе зачудено гледа и одеднаш:
– Учителке па вие немате влакна под левата пазува.
Учителката мирно му вели:
– Трпе, спакувај ги твоите работи и оди си дома, за денес толку.
Утредента, на часот учителката пишува со десната рака и пак Трпе гласно го прокоментирал тоа што учителката нема влакна ни под десната пазува. Тука на учителката и пука филм и му вели да си ги спакува работите и да не доаѓа на училиште цела недела. По недела дена Трпе е пак на училиште.
Во еден момент на учителката и паѓа кредата на подот, таа клекнува да ја земе, а Трпе се наведнува да види каде се отркалала кредата. Потоа веднаш станува и почнува да се пакува.
Учителката го прашува:
– Каде ти, а?
Трпе, мртов-ладен:
– За мене оваа училишна година е завршена.
Си бил младич на испит по логика и професорот му вели:
– Ќе ти ставам 5 зошто ништо не знаеш!
А студентот му враќа:
– Професоре, а може ли јас да ви поставам едно прашање од вашата област… Ако ми одговорите точно, ставете ми 5 и си одам, ако не ми одговорите точно ставете ми 6 и ќе ви го кажам одговорот!
Професорот се сложил, а студентот му го поставил прашањето:
– Што е легално, а не е логично; што е логично, а не е легално и што е ни легално, ни логично?
Професорот по долго размислување се откажал и му ставил 6ка на студентот, а студентот му го кажал одговорот:
– Вие имате 61 година и имате сопруга од 24 години, што е легално, а не е логично! Вашата сопруга има љубовник на нејзина возраст, што е логично, а не е легално! Вие на нејзиниот љубовник му ставате 6, што не е ни легално, ни логично!