Како знаеш дека потекнуваш од македонија?
- На сопствената венчавка познаваш една третина од гостите.
- Секоја свадба почнува со песната “Ерген одев мила мамо”.
- Имаш барем еден роднина со кого си скаран.
- Во домот имаш календар со светци.
- Мислиш дека се е некаква завера.
- Мајка ти уште од мал те учи дека провевот убива.
- Во домот ракијата служи за лекување на сите болести, за прослави, за сите пригоди и како лосион за масажа.
- Баба ти никогаш не го прифаќа фактот дека не си гладен.
- Кога ќе запознаеш странец прво го учиш да пцуе.
- Кај баба ти мора да изедеш супа, сарми, печење, салати, гибаница,печена пиперка со лук, пача и ванилици и никако не смееш да оставиш нешто во чинијата.
- Кога си бил мал ти велеле дека ќе ти порасне опашка ако пиеш кафе.
- Кога ќе видиш бебе, мора прво да го поплукаш три пати.
- Кога си бил мал те плашеле со вештерка.
- Ако дремнеш попладне, мора да ја покриеш половината.
- Мајка ти не ти дава да пиеш студена вода кога си испотен.
- Удираш по маса и кршиш чаши кога си пијан.
- Ако реченицата „Немој да се смееш, подоцна ќе плачеш“ ти изгледа логично.
- Една недела по Божик или Велигден имаш сарми за ручек.
- Живееш во земја во која ќотекот излегол од рајот.
- За време на ручек, се јаде цел леб.
- Ракија се пие пред појадок, за циркулација.
- Родителите го менуваат каналот ако има бакнување на телевизија.
Разговараат Блажо и Перо за проблемите кои ги имаат со невестите кога се враќаат касно дома.
Перо:
- Не си свесен јас какви проблеми имам. Жената моја и најмалиот звук може да ја разбуди, а јас правам се за да не ја разбудам. На таксистот му велам да ме остави две улици подолу за да не го слушне звукот. Ја отварам внимателно вратата од куќата се качувам внимателно по скалите, влегувам во спалната соба и таман кога треба да легнам до неа се разбудува и почнува да вика: Пак си пијан, барабо една, каде беше до сега? И тоа го зборува три дена.
Блажо:
- Голема грешка правиш! Слушај јас како правам. Доаѓам со таксито директно до куќа и му велам нагло да закочи, гумите да зашкрипат. После тоа ја отварам вратата од куќата и со сета сила ја затворам, да се затресе цела куќа. Доаѓам до спалната, ја удирам Мара по газ и и викам на цел глас:
- Жено!
- Сакаш малку да се...!!!
А она се прави дека спие.