Два саат преко ноќ, спиев сви дома, к'д од ед'н пут, некој ѕрнннн, ѕвони на врата.
Иде муж у пижаме, отвара врата и има што да види, пијандура се држи за касу од врата, едвај стои на ноге.
- Што е бе, што сакаш, прашује муж.
- Може ли да искочиш, да ме гурнеш малко, нема кој да ми помогне?
- Што, абе тачан ли си, вика муж... Нели видиш дека е рог т'мнина надвор, марш...
Залупи врата и отиде да си легне до жену.
- Кој беше, прашује жена.
- Пијандура некоја, тражи да га гурам...
- Па иди бе, вика жена... Сеќаш ли се к'д на нас ни изгаси ауто у сред ноќ, а надвор киша, глуво куче немаше, да не бесва тија двоица, кој знае к'д ќе се вратесмо дома...
Муж се осети јадно, текне му дека е б'ш такој како што збори жена му, па искочи надвор и вика:
- Еј, куде си бе?
А пијандура се јавља:
- Еве сам на љуљашку, дојди да ме гурнеш
Две госпоѓи во најдобри години решиле да излезат навечер сами без мажите. Вечерале се начукале и дошло време за дома. По пат им се примочало, за да не им светкаат белите газиња во градската темнина решиле да скршнат во гробиштата покрај кои минувале и таму да ги извршат природните обврски. Нормално немале тоалет хартија. првата се забришала со своите гаќи и ги фрлила. На втората и било жал за гаќите па откинала парче од венец и завршила работа. Утредента двајцата мажи си се пожалиле меѓусебно:
- Знаеш жена ми синоќа се врати дома пијана и без гаќи - рекол едниот.
- Не е тоа ништо одговорил другиот.
- Мојата исто се врати дома пијана со гаќи, ама од гаќите и штрчеше лента на која пишуваше:
"Никогаш нема да те заборавиме, Перо, Столе и фудбалски клуб Слога"!!!
13-годишна тинејџерка му вели на татко си:
- Тато, нешто ме боли грлото!
- Од што?
- Мислам дека е од водката што ја пиев сношти…
- Ти пиеш?!
- Па да, излеговме со дечко ми…
- Имаш и дечко?!
- Е де, де, не ми е од вчера…
- И како изгледа?
- Па… 3-та средно е, има пирс на носот, малку е немирен, ама ќе отиде на разговор со педагогот на гимназијата и ќе се смири!
- Ооооо!
Таткото веќе е блед како крпа.
- Оф, и главата нешто ме боли, сигурно е од дискотеката…
- Си била и во дискотека???
- Па, да! Само тамо дозволуваат да се пуши трева…
- Ти пушиш трева?!!!
Таткото веќе е пред инфаркт…
- И мислам дека ти ја чукнавме колата!
- Твојот дечко ја возел мојата која?!
Таткото веќе се фаќа за срцето и легнува да умира.
Ќерката:
- Се зафркавам бе татичкооо!
- Сакав само да ти кажам, дека има многу пострашни нешта од еден ќец по математика…