Испратиле едно прасе и еден полицаец на мисија во Вселената во иста ракета. Поминала една недела и од Земјата добиле наредби за двајцата „астронаути“ во два плика.
Требало задолжително прво полицаецот да му ги прочита инструкциите на прасето, а потоа своите.
Почнал полицаецот да чита тој…
1. Прасето да земе одреден број примероци,
2. Да ​​направи лабораториски испитувања… итн околу 30 точки… ги прочитал инструкциите полицаецот и си помислил:
– Лелееее, прасето го скинаа од задачи, којзнае какви ли задачи имам сега јас?
Рацете му се треселе додека го отворал својот плик и гледа само една точка:
– Нахрани го прасето и ништо не допирај!
Полицаец стопира џип C класа. Внатре седи прљав просјак.
- Кој си ти? Од каде го зема овој џип?
- Мој си е. Ми го поклонија.
- Како така на тебе ќе ти подарат таков џип! Признај од каде го украде!?!
- Мој е, ми го подарија бидејќи имам дарба да им помагам на луѓето.
- Каква дарба?
- Па гомното ми е посебно и лекува што ти не и секогаш делува.
Полицаецот се замислил и рекол.
- Абе знаеш јас имам проблем со ќелавоста и не знам што да правам, можеш ли да ми помогнеш?
- Можам како не Наведни се јас да ти пуштам малку на главата.
Просјакот се посрал на главата на полицаецот. Полицаецот го пуштил просјакот да си оди и си го размачкал гомното по ќелавата глава. Од другата страна на улицата седеле двајца мафијаши и се смееле:
- Абе, ако му се посере на уште еден цајкан на глава, ќе му купам и стан на просјаков!