Почитуван судија!
На ден 26.01.2011 година на автопатот Скопје-Велес забележав кружен црвен знак со бела позадина на кој го имаше запишано бројот 70, но после бројот не видов никаква ознака за мерната единица.
Како што и самите знаете дека во Македонското сообрание на 15 септември 1992 година(НН 123/92) е донесен законот за мерните единици кој гласи: Мерните единици се одредуваат на основа на SI системот. Во тој систем пишува дека мерка за должина е метар, а мерка за време е секунда.
Мерката за брзина е должина / времето. Неможам да си замислам како МВР оди спортивно од Законот на РМ. Значи, ако до знакот не стои мерна единица тоа знаи дека се работи за мерната единица која во РМ меѓународно е прифатена. Така јас, почитуван судија, претпоставив дека се работи од 70m/s, односно нешто повеќе од 250 km/h. А јас возев 180km/h што е далеку од дозволените 70 m/s(252km/h) и Ве молам да ми ја вратите возачката дозвола.
ФБИ објавил оглас за ослободено работно место атентатор.
Откако биле спроведени проверки, интервјуа и тестирања, останале три финалисти:
Двајца мажи и жена.
За финалниот тест, агентите на ФБИ одвеле еден од мажите пред една голема метална врата и му дале пиштол.
За да бидеме сигурни дека ќе ги следиш нашите инструкции без оглед на околностите ќе го направиме овој конечен тест.
Внатре ќе ја најдеш жена ти како седи на стол...
Убиј ја!!
Мажот одговорил:
Не е можно да сте сериозни. Никогаш не би можел да ја застрелам мојата жена.
Агентот рекол:
Во тој случај ти не си вистинскиот човек за оваа работа. Земи си ја жената и оди си дома.
И на вториот маж му биле дадени истите инструкции.
Тој го зел пиштолот и влегол во собата. Се било тивко околу пет минути.
Мажот излегол со очи полни солзи:
Се обидов, но не можам да ја убијам мојата жена.
Агентот рекол:
Го немаш она што е потребно. Земи си ја жената и одете си дома.
Конечно, дошол редот на жената. И на неа и биле дадени истите инструкции, да си го убие мажот. Го зела пиштолот и влегла во собата. Се слушале истрели, еден по еден. Слушнале врескање, кршење, удирање по ѕидовите. По неколку минути, се стивнало. Вратата бавно се отворила и пред нив стоела жената, бришејќи си ја потта од челото.
Пиштолот е наполнет со ќорци - рекла таа.
Морав на смрт да го претепам со столот.
Наравоучение:
Жените се луди. Не си играјте мајтап со нив!