Вицеви прашање-одговор

Шефот: Имаш 50 цигли во авион, фрлаш една,колку ти остануваат?
Кандидатот: 49
Шефот: Како во три потези ќе ставиш слон во фрижидер?
Кандидатот: Отворам фрижидерот, го ставам слонот внатре, го затворам фрижидерот.
Шефот: Како во 4 потези ќе ставиш жирафа во фрижидер?
Кандидатот: Отворам фрижидерот,го вадам слонот, ја ставам жирафата, го затворам фрижидерот.
Шефот: Лавот слави роденден, дали сите животни се присутни на забавата?
Кандидатот: Не, жирафата е уште во фрижидерот.
Шефот: Како баба ќе помине река полна со крокодили?
Кандидатот: Лесно, само ќе преплива бидејќи крокодилите се на роденден кај лавот!
Шефот: На крајот, бабата умира,зошто?
Кандидатот: Се удавила?
Шефот: Грешно! Ја погодила циглата од авионот! СЛЕДНИОТ!!!
Една група мажени жени билe на семинар на тема:
Kолку љубов постои во вашиот брак?
Ги прашале:
- Koлку од вас ги сакаат своите мажи?
Сите кренале рака.
- Кога последен пат сте му кажале на мажот дека го сакате?
Некои одговориле еднаш, други два пати, трети дека не се сеќаваат...
После тоа им рекле на жените, секоја од нив да му испрати смс порака на мажот и во неа да му напише:
- Те сакам душо.
Потоа да ги чекаат одговорите на пораките.
Еве некои од одговорите на мажите:
- Ooo господее... ти да не си болна?
- И јас тебе. (само еден одговор)
- Што е сега? Пак ја удри колата?
- Не те разбирам? Од каде сега ова?
- Што напрви сега? Овај пат не ти простувам!
- !!!!??
- Не ми глуми лудило, дај кажи колку пари ти требаат?
- Дали сонувам?!
- Ако не ми кажеш за кого е оваа порака , некој ќе биди мртов?!
- Убаво те замолив повеќе да не пиеш. Ако продолжиш, дефинитивно те оставам...