Skip to main content
Францускиот крал се разболел од венерична болест. Доаѓале разни доктори, но никој на можел да помогне. На крај наредил кај него да го доведат Нострадамус.
Го прегледал тој – насекаде чирови!
– Од што сум болен?
– Не знам, но чувствувам дека по двеста години, учените луѓе ќе го наречат сифилис.
– Има ли лек?
– Не сум сигурен, но ми се чини дека ако најдете стогодишна девица и имате со неа cekc по 6 часа, 10 дена по ред, болеста ќе си отиде.
Со многу напор, кралот нашол стогодишна девица и ја започнал терапијата. По десет дена – чудо, навистина бил излечен. Повторно го повикал Нострадамус:
– Браво! Ми помогна. Но, како се вика овој лек?
– Не знам, но чувствувам дека по четиристотини години, научниците ќе го наречат пеницилин!
Американските тајни служби одлучиле да испратат шпион во воената академија во Македонија.
По 3 дена шпионот бил фатен и екстрадиран назад во Америка. Шпионот го дал следново објаснување:
– На предавања, сите спијат – само јас пишувам и внимавам и затоа ме фатија.
Го испратиле вториот шпион, повеќе квалификуван. По 3 недели и него го фатиле. Тој објаснил:
-На предавањата сите спијат – и јас спијам. Но, потоа откако се наспијат сите бегаат од часовите – само јас не бегам и затоа ме фатија.
По долги тренинзи, го испратиле третиот шпион. По еден месец, сепак и него го фатиле.
– На предавањата – спијам, после сите бегаат – и јас трчам, но кога се приберавме по своите соби, сите играт карти и табла – само јас си учам и затоа ме фатија.
По долги тренинзи Американците одлучиле да го испратат најдобриот шпион… Него го фатиле за 3 месеци… Шпионот објаснил:
-На предавањата сите спијат – и јас спијам, после сите бегаат – и јас бегам, кога ќе се прибереме во своите соби, сите играат карти и табла – и јас играм. Но како дојде сесија, СИТЕ ГИ ПОЛОЖИЈА ИСПИТИТЕ – САМО ЈАС НЕ МОЖЕВ…
Во Охрид случајно слетуваат марсовци.
Ѕвонат на вратата на некој стан. Отвара мажот и целиот уплашен ја вика и жената да види дали нешто му се причинува. Откога утврдиле дека навистина се марсовци, решиле да пробаат да воспостават пријателски однос. Ги поканиле да влезат дома, се дружеле, вечерале и веќе станало доцна и требало да си легнат. Марсовецот му рекол на охриѓанецот:
– Ние на Марс кога имаме гости си ги менуваме жените за спиење.
Домаќинот малку се помислил, па си рекол зошто да не. Си ги смениле жените и си легнале да спијат.
Наредното утро кога станале, домаќинот охриѓанец малку намуртен, а жена му целата насмеана, ги испратиле марсовците. Кога влегле дома домаќинот ја прашува жената:
– Што си толку весела, како си помина сношти?
– Супер, ме праша само колкав сакаш да го направам, јас му реков 30 и тој си ги сврте ушите неколку пати и оп му порасна 30 сантиметри.
– Ахаааа, затоа онаа сношти цела вечер ми ги вртеше ушите…