Сопругата: Што ќе правиш ако умрам? Ќе се ожениш ли повторно?
Сопругот: Се разбира, не!
Таа: Зошто? Не ти се допаѓа да си женет?
Тој: Ми се допаѓа, се разбира!
Таа: Тогаш зошто нема да се ожениш повторно?
Тој: Добро, ќе се оженам.
Таа: (нервозно) Така значи…
Тој: (молчи)
Таа: И во нашата куќа ли ќе живеете?
Тој: Зошто да не, убава е нашата куќа.
Таа: И ќе спиете на нашиот кревет?
Тој: А каде на друго место.
Таа: И ќе и дадеш да ја вози мојата кола?
Тој: Се разбира, нова е.
Таа: И ќе ги замениш моите фотографии со нејзини?
Тој: Би било паметно…
Таа: И таа ќе игра со моите палки за голф?
Тој: Не, таа е левичарка…
Таа: (молчи)
Тој: Упс…
Малиот Трпе влегол в аптека и уште од вратата се развикал:
– Имате ли кондоми?
– Не викај, малечок. Застани во редот и почекај! – му рекла аптекарката.
Дошол Трпе на ред и аптекарката го посоветувала:
– Малечок, не е убаво така гласно да се зборува, впрочем тоа и не за деца. Која големина ти треба?
– Знаете што? Прво, нас в училиште не учеа да зборуваме јасно и гласно, второ, знам дека не е за деца, а трето на мајка ми и требаат сите големини бидејќи ќе оди на море!