Си биле Мојсеј, Исус и постар мистериозен човек и играле голф.
- Прв е Мојсеј. Ја мава топката топката лета накај езерце, Мојсеј бргу се стрчува накај езерото, го дели на пола, и топката безбедно се тркала по дното на езерото и застанува. Мојсеј со уште еден удар ја втерува во дупката.
- Следен е Исус . Ја мава топката, таа паѓа во езерото, но останува на површина . Исус оди по површината на езерото, ја удира топката и успева да ја внесе од 2ра.
- Накрај, постариот господин ја мава топката, таа лета и паѓа во устата на жаба покрај езерото. Доаѓа орел ја грабнува жабата, ја носи високо во воздух и ја пушта. Жабата паѓа, ја плука топката и топката влегува во дупката со еден удар.
Во тој момент Исус му се врти на постариот господин и му вика:
- Тато ти ќе играш голф или ќе си играш к**от???!!!
Си биле Американец, Македонец и Французин. Се возиле во едeн брод и кога стигнале на сред океан испаднал ѓаволот и им рекол:
- Ајде сега сите да фрлите по еден предмет во океанот и после 10 минути јас ќе се фрлам во океанот да го барам, ако ја најдам ве јадам.
Прв бил Американецот, барал, барал во торбата и нашол една игла, ја фрлил. После 10 минути ѓаволот се фрлил во океанот и ја нашол иглата и го изел американецот.
Следен бил Французинот. Скинал едно влакно од косата и го фрлил. По 10 минути ѓаволот се фрлил и го нашол и го изел и него.
Македонецот извадил нешто бело од џебот и го фрлил. Ѓаволот се насмевнал, а Македонецот рекол:
- Ова нема да можеш да го најдеш.
По 10 минути ѓаволот се фрлил и барал 1 саат, 2 саати, 5 саати, 1 ден го немало ѓаволот. Излегол од и рекол:
- Добро тебе не те јадам, спасен си само кажи ми што фрли?
И овој македонецот рекол:
- Ти кажав дека не можеш да го најдеш, фрлив шумеча таблета.
Математичар, Физолоф и Мујо починале и се пред портата на рајот и тогаш пред нив се појави Луцифер, ѓаволот и рече:
- Рајот е полн и сите ке ми зададете по една работа и по едно прашање, по ваш избор.
Прв математичарот рече:
- Дај ми книга од сите броеви.
И веднаш пред него се покажа книга со сите броеви и тогаш математичарот праша:
- Дали има крај на книгава?
- Нема. Таа секогаш, во секој миг добива по илјада страници.
И така математичарот отиде во пеколот. Потоа Филозофот:
- Дај ми книга со сите науки и дали имаат крај?
Пред него се создаде книга со крај. И така физолофот отиде во пеколот. На ред дојде Мујо и рече:
- Дај ми стол со девет дупки.
Пред него се создаде токму тоа. Потоа Мујо седна и прдна и на крај праша:
- Низ која дупка излезе прдешката?
- Десна страна, нагоре.
- Е не, низ дупката на задникот.
Хомосексуалец, пушач и алкохоличар решиле да се откажат од своите пороци. Тројцата другари отишле кај еден вештерка и таа им кажала дека ако пак се вратат на своите пороци ќе умрат. По 1 месец алкохоличарот не можел да издржи и пробал алкохол, и веднаш умрел. Месец потоа хомосексуалецот и пушачот оделе по улица и здогледале една цигара. Тогаш хомосексуалецот му рекол на пушачот:
- Ако се наведнеш да ја земеш цигарата, и двајцата ќе умреме.
Чак Норис, Супермен и Брус Ли се натпреварувале кој најдобро слуша. Почнал Супермен и вика:
- Спијам јас една вечер и почнав да слушам чудни звуци. Одам во една соба нема ништо, одам во друга соба и што да видам пајакот пајажина плете. На тоа Брус Ли му враќа и вика:
- Ништо не е тоа. И јас една вечер спијам и нешто шушка, тропа, чудни звуци испушта. И станав да видам што е работата. Одам во една соба нема ништо, одам во друга соба нема ништо, одам во ВЦ и што да видам чешмата почнала ‘рѓа да фаќа.И на крај Чак Норис вика:
- Пфф… тоа ништо не е. Јас една вечер спијам и исто почна нешто да тропа, да испушта некои мистериозни звуци и станав да проверам што е. Одам во една соба ништо, одам во друга соба ништо, во ВЦ ништо. Се враќам во спалната отварам шифоњер и што да видам капутот од мода ми излага.