Плавуша се вози со такси до дома и пред да стигне таа го прашала возачот колку треба да плати, тој и рекол 70 денари, но тогаш таа видела дека го загубила паричникот и му рекла на возачот:
- Господине ама јас сега нема со што да платам.
Тогаш возачот се налутил и ја одвел на друго место, таа му викала:
- Аман господине ќе го решиме проблемот на друг начин, каде ме носите?
Тогаш тој застанал на некоја ливада, ја извадил плавуша од кола и постелил чаршав на ливадата, плавушата почнала да вика:
- Аман господине ве молам јас сум мажена, имам две деца.
Тогаш возачот и рекол:
- Види вака, јас не ти мислам никакви валкани работи, дојди да скубиш овде трева, знаеш ти колку зајаци ја имам дома?!
Во дукан за сваштарија се барало продавач и на тој оглас се пријавил човек што грнкал.
– Добар ден јас дојдов за работа – рекол човекот
– Ајде да видиме како работиш па за една недела ке те известиме – рекол газдата на дуканот
После една недела оди газдата во дуканот и кога што да види овој продавачот продал многу работи направил многу пари и му вели:
– Како бре направи толку пари?
– Епа дојде еден човек и купи трска – рекол продавачот
– Е само од една трска ли се прават толку пари – прашал газдата
– Епа јас му викам што ќе ти е таа трска, ако немаш чамец со трската ли ќе идеш до сред езеро и му продадов му и чамец и викам е со што ќе го носиш чамецот и продадов му и кола и викам а што чамецо у колата ли ќе го ставиш и му продадив и приколица.
– Еее, браво, човекот дошол за трска, а ти си му продал и чамец и кола и приколка! – вика газдата
– Аааа не, он дојде да купи улошки за жена му!
– Е како улушки и трска? Како може така… – зачудил се газдата
– Епа јас му викам што ќе правиш овој викенд, ни можеш да ја онадиш ни ништо, ајде оди на риболов.