Му стига на Трпе препорачано писмо од УЈП, лично таму да се појави, бидејќи многу малку приход пријавил за данок.
Прво отишол кај сметководителката да се консултира, и сметководителката му вика:
- Облечи го нај старото одело, да изгледаш сиромав, они да видат дека немаш пари, и дека го имаат погрешено пресметано данокот.
Трпе за секој случај отишол и кај адвокат, и овој му рекол:
- Море облечи го најубавото одело што го имаш, ќе видат дека ги почитуваш и може ќе ти ја намалат цифрата за плаќање данок.
Трпе збунет, отишол и кај попот, и него да го праша.
Попот молчел некое време, и му рекол:
- Ќе ти кажам една приказна Трпе... Во очи на свадба младата невеста ја прашува мајка си, каква спаваќа да облече за првата брачна ноќ. Мајка и рекла долга со долги ракави, после ја прашала сестра си, а она и рекла куса и cekcи спаваќа...
- Ама попе што има врска оваа приказна со мене?!
- Иста е како твојот случај бе Трпе, што и да облечиш, ќе те eбat!
На Трпана и доаѓа швaлерот дома додека маж и бил на работа. Нејзиниот 9 годишен син упаѓа дома ненадејно, ги здогледува и се сокрива во ормар. Мажот исто така ненадејно се појавува а жената го става швалерот во ормарот.
Малиот: Мрачно е овде.
Швалерот: Да, мрачно е.
Малиот: Имам фудбалска топка.
Швалерот: Баш убаво.
Малиот: Сакаш да ја купиш?
Швалерот: Не, фала.
Малиот: Татко ми е надвор, знаеш?
Швалерот: Добро, колку пари?
Малиот: 250 евра.
По неколку недели, малиот и швалерот повторно се сретнуваат во истиот ормар
Малиот: Мрачно е овде.
Швалерот: Аха, мрачно е.
Малиот: Имам патики.
Швалерот веднаш прашува: Колку пари?
Малиот: 750 евра.
Швалерот: Добро, купувам.
Неколку дена подоцна, таткото му вика на синот:
– Ај земи патики и фудбал и ќе одиме надвор да играме.
Малиот: Не можам, ги продадов и патиките и фудбалот.
Таткото: Ги продаде? За колку пари?
Малиот: Заедно за 1000 евра.
Таткото: илјада евра? па тоа е одвратно, така да ги дереш своите пријател! Тоа е многу повеќе отколку што тие работи вредат, одма те носам во црква за да се исповедаш!
Таткото го зел синот, го однел во црква и го оставил во просторијата за исповедање.
Малиот: Мрачно е овде
Попот: Еј, ај не ми почнувај пак со тоа срање.
Драги, меѓу нас е готово”. Така гласи стандардната реченица, додека таа стои на врата, решена да замине... . Каква е неговата реакција? Зависи:
Атеист: Не ми се верува.
Будист: Само ти да си среќна.
Католик: Јас сум крив.
Евреин: Ќе ти вратам.
Меланхолик: Ќе се убијам!
Колерик: Ќе те убијам!
Апатичар: Добро.
Песимист: Знаев!
Оптимист: Земи клуч за секој случај.
Реалист: Тоа е мој куфер!
Наивен: Кога се враќаш?
Скептик: Сигурна си?
Филозоф: Зошто баш денес?
Адвокат: Тоа ќе кошта.
Банкар: Тоа ќе ме кошта.
Јапи: Колкава му е платата?
Либерал: Конечно слободен!
Зелен: Оди со точак.
Готвач: Ми го збибери.
Полицаец: Застани, ќе пукам.
Математичар: Лошо си се пресметала.
Поет: Готово-мотово?
Физичар: Закон си.
Новинар: Шокантно! Скандалозно!
Твитерџија: Ретвитни ме понекогаш.
Пекар: Враќај се, не јади бурек.
Аеродромец: Само да не е од Центар.
Центарец: Марш бре сељанко.
Охриѓанец: Ам за смештај шо ќе прајте?
Влегува Трпе во банката и ја прашува службеничката:
– Може ли да внесам ебани долари во скапанава банка?
– Господине, ве молам држете се воспитано… во банка сте.
– Што ми е гајле ма… сакам да внесам еден eбaн влог во скапанава банка.
– Не може така господине… ќе го викнам директорот.
После 5 мин…
– Што е проблемот тука? Колешката ми рече дека не знаете како да се однесувате во банката? Да го викнам ли обезбедување?
– Нема потреба… освоив некои 10 ебани милиони долари од лотарија и сакам да ги внесам во скапанава банка.
– И што? Оваа глупава гуска не сака да ве услужи ли?