Skip to main content
Трпе:
- Трале, знаеш дека бројот 7 е мој среќен број? Роден сум на 07.07.1977, и тоа во 7 часот, 7 минути и 7 секунди, на ЛОТО добив 7 милиони евра, сите пари ги вложив на коњски трки, на коњот број 7!
Трале:
- Па тоа е одлично, Трпе! Да погодам, коњот број 7 стаса прв?
Трпе:
- Ма не, Трале, седми!
Го пратиле доктор Трпе на специјализација во Африка.
По извесно време му доаѓа еден црнец.
- Слушај Трпе, имам 8 деца и сите ми се црни, а ова последново ми е бело.
- Бидејќи ти си единствен белец во радиус од 1000 км., те молам да ми признаеш што си правел со жена ми, за да не ти ги скинам јајцата на лице место.
- Слушај Џони, природни феномени се случуваат, ене гледај ги козине, сите се бели само една е црна.
- Види, доктор Трпе, ај јас и ти да се договориме онака машки, ај ти не кажувај за козата а јас нема да кажувам за детето!
Една баба полни 100 години, и на својот сопруг кој има 99 му вели:
- Е мој Трпе, пред да одам на оној свет би сакала да ти ја кажам мојата последна тајна. Појди на таван и донеси ми ги двете кутии што се наоѓаат од лева страна на последната сталажа.
Оди Трпе и после 5 минути се враќа. Гледа во едната кутија 2 јајца а во другата 15.000 евра.
- Гледа Трпе и се чуди.
Кажи драга што значат овие 2 јајца?
- Знаеш Трпе, во брак сме веке 78 години, секој пат кога не бев задоволна во кревет со тебе, ставав по 1 јајце во кутијата.
Трпе весел, насмеан, среќен оти само 2 пати не ја усреќил Трпана гордо ја запрашал:
- А, овие 15.000 евра?
Што значат тие?
Ех, Трпе, секогаш кога ќе ја наполнев кутијата одев на пазар и ги ПРОДАВАВ ЈАЈЦАТА