Газдата на една фирма, одлучил да му го препушти бизнисот на својот син. Син му дипломирал на еден од нашите приватни факултети. Првата задача му била да го намали бројот на вработените. Влегол во фирмата и почнал да ги набљудува работниците. Гледа дека сите работат освен еден, кој стоел до радијаторот во ходникот и гледа низ прозорот. Доаѓа до него и го прашува:
- Дечко колку изнесува твојата месечна плата.
- Па околу 15.000 денари!
Синот на газдата извадил пари од џебот и му рекол:
- Еве ти 15.000 денари плата за овој месец, и еве ти уште 50.000 денари и повеќе да не доаѓаш на работа.
Дечкото ги земал парите и насмеан си заминал од фирмата. А синот на газдата, воодушевен од својата постапка се свртел кон останатите работници и им рекол:
- Вака ќе биде со секој кој нема да работи, а сега нека ми го каже името на овој вработен за да го одјавам.
Сите молчеле освен шефот кој собрал храброст и му одговорил:
- Газда тоа беше Трпе, работи како Пица доставувач.
Министерот за финансии и премиерот се шетаат низ еден град во една далечна безимена држава за време на предизборна кампања и доаѓаат до една градинка.
Воспитувачката им се жали како нема услови во градинката, треба да им се обнови игралиштето, да им се подобри храната и сл…
Премиерот се врти кон министерот за финансии и му вели:
– Дај 200 000 евра за нашата младина.
Продолжиле со прошетката и доаѓаат до еден затвор. И таму шефот на затворот почнал да се жали за тоа како немаат кревети, туш кабини, и сл…
Премиерот повторно се врти кон министерот и му вели:
– Дај му 2 милиони евра.
Кога излегле од затворот министерот го прашува премиерот:
– Премиере, зошто на нашата младина им дадовме 200 000 евра а на криминалците 2 милиони евра?
– Што мислиш ти, после изборите каде ќе завршиме, во градинка или во затвор!?