Шетаат малиот Трпе со татко му и Трпе цело време прашувал нешто.
– Тато, што е она? – Тоа е црква сине, таму се оди за празници, за крштевки… – А тато, што е она? И покажува на јавна куќа. – Ееее тоа ти е сине мало, скапо ама слатко задоволство. И стасале дома и татко му му дава 100 денари да си купи нешто. И нормално Трпе право отишол кај малото слатко задоволство. Ги ставил парите на шанк и побарал нешто слатко. Жената кога го видела му намачкала три лепчиња со џем. Овој двете веднаш ги изел а на третото само го излижал џемот. Кога дошол дома кажал на татко му дека бил на тоа слаткото место и на овој му паднало мрак на очи. – Тато, двете ги мавнав како од шала, а за третата немав сила па само ја излижав.
Некое дете отишло да го краде крстот во црквата и попот го видел и му вика стој, детето рипа ни прозорецот попот не знае да рипа.
Вежбал вежбал и научил. Следниот ден детето краде крстот попот вика стој, детето рипа низ прозорецот и попот рипа низ прозорецот, детето трчи попот не знае да трчи. Вежбал вежбал и научил. Следниот ден детето краде крстот попот вика стој, детето рипа низ прозорецот и попот рипа низ прозорецот, детето трчи и попот трчи, детето се качува на дрво попот не знае да се качи. Вежбач вежбал и научил. Следниот ден детето краде крстот попот вика стој, детето рипа низ прозорецот и попот рипа низ прозорецот, детето трчи и попот трчи, детето се качува на дрвото и попот се качува на дрвото, детето слегнало од дрвото попот не знаел да слегне. Вежбал вежбал и научил. Следниот ден детето краде крстот попот вика стој, детето рипа низ прозорецот и попот рипа низ прозорецот, детето трчи и попот трчи, детето се качува на дрвото и попот се качува на дрвото, детето слегнало од дрвото и попот слегнал од дрвото, детето рипа во реката попот не знае да рипне. Вежбал вежбал о научил. Следниот ден детето краде крстот попот вика стој, детето рипа низ прозорецот и попот рипа низ прозорецот, детето трчи и попот трчи, детето се качува на дрвото и попот се качува на дрвото, детето слегнало од дрвото и попот слегнал од дрвото, детето рипа во реката и попот рипа во реката, детето почнало да плива попот не знаел да плива. Вежбал вежбал и научил.Следниот ден детето краде крстот попот вика стој, детето рипа низ прозорецот и попот рипа низ прозорецот, детето трчи и попот трчи, детето се качува на дрвото и попот се качува на дрвото, детето слегнало од дрвото и попот слегнал од дрвото, детето рипа во реката и попот рипа во реката, детето почнало да плива и попот почнал да плива, детето излегло од реката попот не знаел да излезе. Вежбал вежбал и научил.Следниот ден детето краде крстот попот вика стој, детето рипа низ прозорецот и попот рипа низ прозорецот, детето трчи и попот трчи, детето се качува на дрвото и попот се качува на дрвото, детето слегнало од дрвото и попот слегнал од дрвото, детето рипа во реката и попот рипа во реката, детето почнало да плива и попот почнал да плива, детето излегло од реката и попот излегол од реката и го фатил.- Е ај сега кажи зошто толку време го крадеше крстот?
-Добро ќе ти кажам, но немој да кажеш на никој. И попот не кажал на никој.
Во црквата свештеникот држи проповед за 10-те божји заповеди.
Кога зборувал за заповедта “не кради”… … забележал како Трпе во првиот ред почнал непријатно да се врти на сите страни. Подосна кога кога стигнал до “не ја посакувај жената на ближниот свој”, Трпе се смирил и на лицето му се забележала насмевка. По службата, свештеникот му приоѓа на Трпе и го замолува да му го објасни неговото однесување.
- Знаете, оче, додека говоревте за заповедта “не кради”, забележав дека ми го нема чадорот. Но штом дојдовте до “не ја посакувај жената на ближниот свој” веднаш се сетив каде сум го заборавил!
Во едно село млад човек оди кај попот:
– Оче, грешев!
– Со која бе синко?
– Не можам да ви го кажам името!
– Со жената на кметот или на докторот? Не, не со тие!
– А со жената на поштарот? И со неа нашите мажи прават грешки!
– Не, и со неа не сум!
– Штом не ми ги кажуваш имињата нема да ти ги простам гревовите! Излегол тој од црквата и веднаш пријателите го заобиколиле:
– Што стана?
– Не ми ги прости гревовите, ама научив адреси на неколку нови „кандидатки”!