Баба во село чувала 200 овци и дошла некоја новинарка да и направи интервју:
Кажи ни бабо како успевате да ги чувате сите 200 овци?
Бабата:
- Па, јас ќерко целиот мој живот го правам тоа, се навикнав.
Новинарка:
- И колку е тешка една овца?
Бабата:
- Црна или бела?
Новинарка:
- Па да речеме бела.
Бабата:
- 30кг.
Новинарка:
- А црна?
Бабата:
- Па исто.
Новинарка:
- Колку млеко дава дава една овца?
Бабата:
- Црна или бела?
Новинарка:
- Па да речеме бела.
Бабата:
- 2 литри.
Новинарка:
- А црна?
Бабата:
- Па исто.
Новинарка:
- Па, колку волна дава една овца?
Бабата:
- Црна или бела?
- Нека биде црна.
- 3 кила
Новинарка:
- А Бела?
Бабата:
- Па исто.
Прснала од нервоза новинарката вика бабава ме вози!!!
Новинарка:
- Па добро бабо која е разликата помеѓу црните и белите овци?
Бабата:
- Па белите се мои.
Новинарка:
- А црните
Бабата:
- Па и тие исто исто.
Доаѓа маж на лекар и му вели:
- Докторе, јас имам проблем, но морате да ми ветите дека нема да се смеете!
- Секако дека нема да се смеам! Јас сум професионалец, за повеќе од 20 години колку што работам, не сум се насмеал на пациент!
- Во ред – вели мажот и ги слекува гаќите.
Докторот ја гледа најмалата „онаа“ работа која воопшто ја видел. И покрај ветувањето, почнува да се смее, од првин тивко, а потоа се погласно, до солзи. По неколку минути успева да се прибере и ги брише солзите.
- Многу ми е жал, се извинува докторот. Не знам што ми стана, но нема да се повтори. Добро, сега кажете ми за што се работи?
Мажот го погледнал докторот и со тажен поглед му рекол:
- Отечен е.