Оди Македонецот кај Гркот на гости кој му е деловен партнер .
Кога влегол во дворот имал што да види раскош невиден, преубав двор со базен, 2 луксузни коли, убава вила, скапоцен намештај..
Гледа Македонецот и му вели:
Аман бе , како го стекна сето ова ?
А Гркот му покажува со прстот спроти неговата вила..
- Го гледаш оној мост ?
Го гледам – вели Македонецот
Еееее, тој мост требаше да биде 55 м а го направив 50 м ширина, па од парите од тие 5 м е сето ова направено.
Поминува година дена доага Гркот кај Македнецот, а овој вила дупла поголема од неговата , 5 автомобили, поголем базен, слуги …
Како успеа сево ова да го направиш за година дена ? – го прашува гркот.
Го гледаш оној мост тамо ??-покажува Македонецот во некој правец.
- Не гледам…. Зачудено го гледа Гркот.
- ЕЕЕЕЕЕ……. Е него гледаш пошто го нема.
Џорџ, старец од Ванкувер, Канада се спремал за во кревет кога жена му му рекла да го изгасне светлото во дневната.
Џорџ ја отворил вратата во дневната и видел двајца крадци како го ограбуваат...
Се јавил во полиција:
- Помош, ме ограбуваат, пратете итно некој на ул...
Полицијата:
- Во моментов немаме слободни полицајци, ќе ви се јавиме кога ќе се ослобдои некој.
Џорџ:
- Ok.
Ја спуштил слушалката, почекал 30 секунди и повторно се јавил:
- Здраво, се јавив пред малку, побарав да пратите некој кај мене, не мора да праќате, ги убив!
И ја затворил слушалката.
За 2 минути, 6 полицајски коли, екипа на снајперисти, хеликоптер, две противпожарни, итна помош пристигнале кај Џорџ и ги фатиле крадците.
Полицаецот му се обраќа на Џорџ:
- Мислев дека си ги убил?
А Џорџ:
А јас пак мислев ми рековте дека немате слободни полицајци.