Имала некоја баба папагал за време на втората светска војна. Папагалот постојано викал “Смрт за Хитлер“. Фашистите биле кај бабата во куќата и папагалот рекол:
– Смрт за Хитлер.
Тогаш војниците и се развикале на бабата и и рекле дека ќе дојдат пак и ако повторно го изговори тоа тие ќе ја убијаат и неа и папагалот. Бабата заминала кај попот и му ја кажала својата мака, а попот и рекол да го земи неговиот папагал. Кога повторно дошле војниците папагалот молчел. Еден од фашистите за да го испровоцира рекол:
– Смрт за Хитлер.
На тоа папагалот одговорил:
– Нека бог ги слушне молитвите твои, сине мој.
Трпана влегува во продавница за домашни миленичиња и на излогот гледа еден папагал од 100 ден.
Влегла внатре и прашала:
- Зошто го продавате толку ефтино?
- Видете, овој папагал живееше во јавна куќа па кој знае што има научено таму…
Бидејќи на Трпана не и сметало тоа си го купила папагалот. Кога стигнале дома папагалот почнал да зборува:
- Нова куќа, нова домаќинка…
Трпана се насмеала, во тој момент влегува ќерка и папагалот почнал повторно:
- Нова куќа, нова домаќинка, нова девојка…
После некое време Трпе си доаѓа дома и папагалот почнал:
- Нова куќа, нова домаќинка, нова девојка, здраво Трпе…
Некој таксист имал некој многу паметен папагал, што се памтел. Еден ден додека таксистот бил на работа го зел папагалот со него. Додека се возеле, врнало дожд. И таксистот рекол:
" Дожд врне као некој да моча "
. И тоа папагалот го запамтил. Во меѓувреме тие застанале на некој паркинг. Од паркингот некоја жена зјапала во таксистот и тој и рекол:
" Шта ме гледаш кад никад нисам те јебао "
. И тоа го запамтил. Возејќи се здогледале некој човек кој бил во несвест, а околу него имало луѓе. Таксистот рекол:
" Фатејте го за kуp, тој ке стане ". Папагалот и тоа го запамтил. После неколку часа таксистот и папагалот отишле на црква. Додека попот прскал со крстена вода папагалот рекол: Дожд врне као неко да моча. Попот се зачудил и погледнал во папагалот. А на тоа папагалот: Шта ме гледаш кад никад нисам те јебао? И попот паднал во несвест. Додека калуѓерките му помагале, папагалот рекол:
Фатејте го за kуp, тој ке стане.
Се возел еден патник во авион и со себе го носел папагалот. Поминала стјуардесата и папагалот ја треснал по задникот. Девојката премолчела. Се охрабрил сопственикот на папагалот, па и тој ја плеснал по задникот. По некое време, стјуардесата се вратила со капетанот. Ги фатиле непристојните патници и ги исфрлиле низ врата. Папагалот веднаш замавтал со крилцата и почнал да лета.
- „И што да правам јас сега?“, прашал патникот.
Папагалот му одговорил:
„А што се курчиш кога не знаеш да леташ!“