Skip to main content
Мајката ја советува својата ќерка плавуша на 18-тиот роденден:
Отсега ќе можеш да излегуваш, но мора да пазиш на некои работи.
Кога ќе најдеш дечко, како прво тој мора да биде штедлив, второ мора да биде глуп и трето мора да биде невин.
Излегува ќерката, ја нема два дена. Се враќа и вели:
Мајко, го најдов.
Отидов во диско, помина еден дечко, ме фати за рака и ме однесе во хотел.
Наместо да земе двокреветна соба, зеде еднокреветна – значи штедлив е.
Наместо да ми ја стави перницата под главата ми ја стави под задникот – значи глуп е.
А за невиноста знам бидејќи пред мене го извади ганц нов во целофан, неотпакуван, и конечно сега сфатив зошто така ме советуваше!
Влегува плавуша во банка во Њујорк и бара од службеникот позајмица. Сака да оди две недели во Европа и и требаат 5000 долари.
Службеникот и побарал гаранција, а таа ги понудила клучевите од нејзиниот нов Ролс Ројс, паркиран веднаш пред банката.
Банкарите провериле и го прифатиле автомобилот како гаранција. Сите службеници во банката се воодушевиле, затоа што плавушата дала гаранција од 250.000 долари.
По две недели, плавушата се вратила, им ја вратила позајмицата на службениците и ги платила камата од 20 долари.
Службеникот и се заблагодарил и и рекол дека сите се среќни што соработувале со неа, но малку биле збунети.
- Додека бевте отсутни – и се обрати службеникот, проверивме дека сте мултимилијардерка, но, не збунува тоа зошто се мачевте околу тие 5000 долари?
- Па каде на друго место, во Њујорк, би го паркирала својот автомобил, две недели, на сигурно, а само за 20 долари !!! – одговорила љубезно плавушата.