Отишол Груевски кај берберот брицо да се подсрижи и како што е редот почнале муабет и брицо го прашува абе Коле се плашиш ли од Бранко Црвенковски, а овој одма, ма каков Бранко готов е тој нема што да се плашам, па го прашува а од Фрчко се плашиш ли а овој каков Фрчко кој е тој Фрчко, па го прашува а од Тито се плашиш ли а овој одма, каков Тито ние го растуривме Тито тој повеќе нема ништо, па го прашува а од Бранко Црвенковски се плашиш ли а овој малце лут абе каков Бранко нели ти кажав еднаш нема ништо тој, брицо продолжува а Коле од Андов се плашиш ли а овој одма каков Андов тој нема веќе партија му ја растуривме од него ќе се плашам, а од Ахмети се плашиш ли овој одма, ма готов е и тој на овие избори, па го прашува а од Манасиевски се плашиш ли, а овј абе каков Манасиевски и тој нема што да бара веќе готов е, и пак брицо го прашува а од Бранко Црвенковски се плашиш ли, и Груевски веќе многу лут му вика абе два пати ти реков не се плашам и не ме прашувај веќе за него, што си запнал толку од никој не се плашам па ни од него,,, и тогаш брицо му вика абе Коле кога ке ти го спомнам Бранко само од него косата ти се крева нагоре и многу ми е полесно да те шишам, а на другиве не реагираш му рекол брицо.
МАКЕДОНИЈА последни избори:
На избирачко место доаѓа средновечен човек да гласа. Како што е редот дава документ за идентификација зема ливче, гласа, го става во кутија.
Прашува кој е претседател на Комисија на тоа избирачко место. Се јавува еден господин:
- Јас сум претседател !
- Ќе може ли да ми дадете еден стол да седнам до врата.
- Може, вика претседателот и му даваат стол.
Човекот седнува на стол и така поминуваат триесетина минути, членовите на комисијата се погледнуваат во очи и се чудат. Гледајќи ја ситуацијата, претседателот го прашува:
- Како сте, сеуште ли ви е лошо?
- Подобро никогаш и не ми било, многу се радувам за оваа средба.
- За каква средба, не ве разбирам?!
- Па чекам да дојде таткоми да гласа.
- Требало заедно да дојдете , стар човек е сигурно а и тука не е место да се чекате.
- Точно господине во право сте, стар човек беше, ама одамна е починат.
- Мислам се шегувате, како може починал а да гласа?
- Па како можеше на претходните избори да гласа, а јас да не го видам? Денес сигурно ќе гласа во 19 часот.