На една раскрсница мрзнат двајца полицајци. Топките им се направиле како леблебии. Толку им дошло преку глава, што го запираат секој возач. Запираат една кола и му велат на возачот:
– Воопшто не ни е гајле дали имаш документи, дали си пиел, дали колата ти е исправна. Излегувај од колата и почнувај да мочаш на снегот. Ако успееш да напишеш „Сообраќајна полиција“ ќе те пуштиме, а ако не успееш вади една илјадарка и да те нема…
Излегува возачот, почнува да моча и да пишува. Доаѓа до „Сообраќ…“ и не може повеќе. Токмаците си ја ставаат 1000-ката во џебот.
Запираат следен автомобил. Возачот доаѓа до „Сообраќајна по…“ и застанува. И тој плеска 1000-ка и заминува.
По некое време кон нив се приближува раскршен 101. Го запираат. Зад воланот седи Рамче. Му ги објаснуваат условите и тој им вели:
– Нема проблеми, братче. Ако сакаш и „Сообраќајна полиција на Република Македонија“ ќе ти напишам. Материјал имам колку сакаш. Ама ќе треба да ми го фатиш пенкалото и да пишуваш ти, затоа што јас сум неписмен…
Испратиле едно прасе и еден полицаец на мисија во Вселената во иста ракета. Поминала една недела и од Земјата добиле наредби за двајцата „астронаути“ во два плика.
Требало задолжително прво полицаецот да му ги прочита инструкциите на прасето, а потоа своите.
Почнал полицаецот да чита тој…
1. Прасето да земе одреден број примероци,
2. Да ​​направи лабораториски испитувања… итн околу 30 точки… ги прочитал инструкциите полицаецот и си помислил:
– Лелееее, прасето го скинаа од задачи, којзнае какви ли задачи имам сега јас?
Рацете му се треселе додека го отворал својот плик и гледа само една точка:
– Нахрани го прасето и ништо не допирај!