Еден фармер чувал крави и решил да си купи машина за молзење.
Стигнала машината ја пробал, работела одлично. Додека кравите биле на пасење, му се приправила онаа работа, па му дошла идеја да проба да ја искористи машината. Ја монтирал на онаа работа и ја вклучил да молзе. Забележал дека нема копче за гаснење. Брзо го извадил мобилниот телефон и се јавил кај производителот:
– Машината е одлична… само ќе сакате ли да ми кажете како се вади од вимето на кравата?!
– Не грижете се, машината автоматски се исклучува на секои два литри.
Јапонците измислиле комора за ладење способна да замрзне до -1000 степени. Поставиле услов – кој човек ќе издржи најдолго затворен внатре, ќе му го дадат островот Хокаидо.
Се пријавиле Французин, Англичанец и нашиот пијаница Стојан. Французинот побарал жена и буре вино. Но кога температурата се спуштила до -200 не можел повеќе да издржи и излегол надвор. Англичанецот побарал жена и кутија виски, но на -300 не издржал и излегол. Последен бил пијаниот Стојан, кој побарал едно буре домашна жолта лозова и кумот за друштво.
Сите чекале со нетрпение и по еден час веќе термометарот покажувал -1000, а од двајцата кумови ниту трага. Стравувајќи дека веќе се замрзнале, еден од Јапонците ја отворил вратата и што да види: Си седат двајцата и си пиат ракија. Одеднаш кумот станал и му удрил една глава на Јапонецот.
– Добро направив, а, кумашине? – Рекол тој.
– Многу добро, куме. И така е студено тука, уште и тој врата да ни отвора.