– Колку продажби направи денес? – Прашал менаџерот.
– Пааа… една.
– Една?!? Обично продавачите прават по 20-30 дневно. И за колкава сума?
– За 115.237 евра.
– Што? За 115.237 евра? И што продаде?
– Па дојде еден човек и јас му продадов мала кука за риба. Потоа му продадов средна кука. Потоа му продадов голема кука. Потоа му продадов нова јадица. Го прашав каде планира да оди на риболов, тој рече „надолу по брегот“, му реков дека ќе му треба чамец. Го одведов на долниот кат и му го продадов моделот на Haines Hunter со двата мотора. Потоа тој спомна дека неговата Хонда Сивик одвај ќе може да го влече овој брод, па јас го однесов кај автомобилите и му продадов еден Паџеро 4х4.
Менаџерот бил апсолутно шокиран. Едвај нашол сили во себе да го праша:
– Сакаш да ми кажеш дека човекот дошол да си купи мала кука за риба, а ти си му продал моторен чамец и автомобил?!?
Продавачот одговорил:
– НЕ. Всушност бил излезен да купи тампони за неговата сопруга, била во циклус… И јас му реков дека и така и така викендот му е заебан, зошто да не си отиде на риба…
Едно семејство отишло на екскурзија до Израел.
Го посетиле Божјиот гроб, посетиле и други знаменитости, но тештата ненадејно починала. Зетот отишол во амбасадата за да извади посмртница и таму го прашале:
- Сакате ли да ја погребате тука во Израел или со авион ќе ја пренесете во Македонија?
- А колку чинат двете варијанти?
- Ако ја погребате во Израел, цената е 3000 евра. Ако ја пренесете во Македонија, ќе ве чини околу 9000 евра.
- Ќе ја погребаме во родната Македонија.
После погребот, жена му го прашува:
- Толку многу ја мразеше мама, а направи толку голем трошок за неа. Зошто?
- Разбрав дека во Израел погребале некој човек и воскреснал. Затоа одлучив да ја погребаме тука. Што е сигурно, сигурно е.