Се возат Македонец, Грк и Албанец во авион и се случило несреќа и паднале од авионот во некоја џунгла, по некое време ги нашле човекојадци и им рекле:
- Ако издржите по 10 работи да ви бутнеме во газот ве пуштаме на слобода. Овие се сложиле.
Оди прв албанецот му бутаат 10 сливи, после третата почнува да писка, не издржува и го изеле.
Оди втор македонецот му бутаат петровки, после седмата се насмејува и не издржува и го изеле.
После некое време се сретнуват албанецот и македонецот во рајот и албанецот му вика на македонецот:
- Зошто бе македонче не издржа уште 3 петровки, се насмеа и те изедоа човекојадците?
- Ќути брат, видов дека на гркот му спремаат 10 лубеници.
Си седел некој Македонец во некој локал во Битола и си појадувал тост со маргарин и мармалад кога до него седнал некој Грк кој џвакал мастика. Македонецот го игнорирал но сепак гркот почнал да зборва:
- Еј, вие тука јадите цел леб за појадок ?
- Да. Гркот направил балонче со мастиката и гордо продолжил:
- Ние не. Јадeме само пола. Останатото го фрламе во корпи за рециклирање и после ви го пуштаме тука во форма на леб за тост. Македонецот си поќутел. Но гркот упорен продолжил:
- Вие тука го јадeте целиот мармалад?
- Да. – рекол македонецот.
- Ние не. Ние во Грција јадиме свежо овошје. Сите остатоци ги фрламе во канти за рециклирање и ви ги пуштаме тука во форма на мармалад. На македонецот му пукнал филмот и го прашал гркот:
- Вие ебeте долу во Грција?
- Па се разбира. – рекол гркот.
- И што им правите на кондомите по сексот? – прашал македонецот - Па ги фрламе, нормално. – одговорил гркот. На тоа Македонецот му рекол:
- Ние не! Тука во Македонија ги фрламе во корпа ги рециклираме и после ви ги пуштаме во Грција во форма на мастики.
Чак Норис, Супермен и Брус Ли се натпреварувале кој најдобро слуша. Почнал Супермен и вика:
- Спијам јас една вечер и почнав да слушам чудни звуци. Одам во една соба нема ништо, одам во друга соба и што да видам пајакот пајажина плете. На тоа Брус Ли му враќа и вика:
- Ништо не е тоа. И јас една вечер спијам и нешто шушка, тропа, чудни звуци испушта. И станав да видам што е работата. Одам во една соба нема ништо, одам во друга соба нема ништо, одам во ВЦ и што да видам чешмата почнала ‘рѓа да фаќа.И на крај Чак Норис вика:
- Пфф… тоа ништо не е. Јас една вечер спијам и исто почна нешто да тропа, да испушта некои мистериозни звуци и станав да проверам што е. Одам во една соба ништо, одам во друга соба ништо, во ВЦ ништо. Се враќам во спалната отварам шифоњер и што да видам капутот од мода ми излага.
Хомосексуалец, пушач и алкохоличар решиле да се откажат од своите пороци. Тројцата другари отишле кај еден вештерка и таа им кажала дека ако пак се вратат на своите пороци ќе умрат. По 1 месец алкохоличарот не можел да издржи и пробал алкохол, и веднаш умрел. Месец потоа хомосексуалецот и пушачот оделе по улица и здогледале една цигара. Тогаш хомосексуалецот му рекол на пушачот:
- Ако се наведнеш да ја земеш цигарата, и двајцата ќе умреме.
Математичар, Физолоф и Мујо починале и се пред портата на рајот и тогаш пред нив се појави Луцифер, ѓаволот и рече:
- Рајот е полн и сите ке ми зададете по една работа и по едно прашање, по ваш избор.
Прв математичарот рече:
- Дај ми книга од сите броеви.
И веднаш пред него се покажа книга со сите броеви и тогаш математичарот праша:
- Дали има крај на книгава?
- Нема. Таа секогаш, во секој миг добива по илјада страници.
И така математичарот отиде во пеколот. Потоа Филозофот:
- Дај ми книга со сите науки и дали имаат крај?
Пред него се создаде книга со крај. И така физолофот отиде во пеколот. На ред дојде Мујо и рече:
- Дај ми стол со девет дупки.
Пред него се создаде токму тоа. Потоа Мујо седна и прдна и на крај праша:
- Низ која дупка излезе прдешката?
- Десна страна, нагоре.
- Е не, низ дупката на задникот.
Си биле Американец, Македонец и Французин. Се возиле во едeн брод и кога стигнале на сред океан испаднал ѓаволот и им рекол:
- Ајде сега сите да фрлите по еден предмет во океанот и после 10 минути јас ќе се фрлам во океанот да го барам, ако ја најдам ве јадам.
Прв бил Американецот, барал, барал во торбата и нашол една игла, ја фрлил. После 10 минути ѓаволот се фрлил во океанот и ја нашол иглата и го изел американецот.
Следен бил Французинот. Скинал едно влакно од косата и го фрлил. По 10 минути ѓаволот се фрлил и го нашол и го изел и него.
Македонецот извадил нешто бело од џебот и го фрлил. Ѓаволот се насмевнал, а Македонецот рекол:
- Ова нема да можеш да го најдеш.
По 10 минути ѓаволот се фрлил и барал 1 саат, 2 саати, 5 саати, 1 ден го немало ѓаволот. Излегол од и рекол:
- Добро тебе не те јадам, спасен си само кажи ми што фрли?
И овој македонецот рекол:
- Ти кажав дека не можеш да го најдеш, фрлив шумеча таблета.