Фејсбук вицеви

Сабота наутро. Семејство седи на масата и појадува. Одеднаш на мајката и таткото им се појавува сексуална желба. Со неколку намигнувања тие се разбираат. Мајката станува и вели:
– Уф, нешто ми испари апетитот, нема да јадам повеќе!
Потоа демонстративно се качува на вториот кат, во спалната соба.
Таткото набрзина дојадува, скокнува, и брзо се качува во спалната соба.
Двете деца гледаат изненадено и не можат да сфатат што се случува. Поголемиот вели:
– Брзо оди горе и ѕирни преку клучалката што се случува!
Малиот трча по скалите. По неколку минути се враќа, седнува на столот и почна да јаде брзо-брзо.
– Што ти стана, бе? Зошто се разјаде толку брзо? – Прашува постариот не разбирајќи што се случува.
– Јади, јади и не прашувај… горе, во спалната соба, да видиш тато што им прави на тие што не сакаат да јадат…
Еден човек имал сериозен проблем. Бил исклучително надарен и постојано ги кинел кондомите.
По последното кинење на кондомот, малку нервозен, отишол во аптеката, го извадил својот атрибут, тропнал на масата и рекол:
– Е за овој сакам еден кондом!
Аптекарката го поооогледала, се оближала и тажно рекла:
– Хмм тешко дека има толку големи кондоми во Македонија, треба да појдеш до Франција – тие се мераклии и таму сигурно ќе најдеш!
И бидејќи бил очаен човекот го фатил првиот лет и право во Париз. Влегол во првата аптека и го направил истото со удирање на масата!
Штом го видела аптекарката директно му рекла дека во Франција толкава големина нема и го упатила да оди во Африка, затоа што црнците биле надарени и таму може да има.
Кога слетал во Африка очаен човекот отишол во аптека, во свој стил тропнал на масата и прашал:
– Имате ли толкавиииииии?
А таму аптекарката викнала:
– Мохамеееед донеси еден од џуниор кондомите!!!