Фејсбук вицеви

Стои ситен маж разочаран во кафана… пред него – пиво.
Влегува еден набилдан тепач, го тапка по рамото ситниов и му го пие пивото на екс! Ситниот маж почнува да плаче…
Тепачот:
– Доста бе, плачко! За едно пиво ли ќе лелекаш?!
Ситниот маж:
– Слушај сега: Рано сабајлево жена ми ме напушти, куќата ми е празна, банкарската сметка – уште попразна! Потоа отидов на работа и ме отпуштија! Не сакав да живеам повеќе! Легнав на шините – го промениле правецот на возот! Сакав да се обесам – јажето се скина! Сакав да се застрелам – пиштолот заглави! И сега, купувам пиво со последните пари го ставив отровот внатре и ти ми го испи!
Маж и жена решиле да си купат Рено.
Сепак им недостасувале 500 евра. Мислеле, мислеле и се сетиле дека мажот има доста богата колешка. И одлучиле мажот да побара од неа 500 евра. Отишол тој, се вратил и и рекол на жена си:
– Жено, ќе ни даде, ама прво сака да преспијам со неа…
Жената не размислувала многу. Автомобилот убав, мажот грд… Го пуштила.
се враќа нашиот наредното утро, носи 500 евра, а жената го натерала да и раскаже се. И тој почнал:
– Вечера, малку пиење и легнавме во постела. Таман да почнеме, таа извади од некаде една пчела, ја стави во моите гаќи, таа ме испокаса и почнавме. Дуро до пред малку.
Жената, станала многу љубопитна, па и таа фатила една пчела и вечерта кога легнале, таа ја извадила пчелата му ја ставила во гаќите и почнале…
Утредента таа се разбудила со блажена насмевка, а мажот станува и вели:
– Одам да го купам Реното.
Жената:
– Какво Рено бе!?! Оди на пазар и купи неколку сандаци за пчели!!!