Оди Трпе кај селскиот поп да се исповеда. - Оче згрешив, најсрамниот грев го направив! - Кажи чедо, Бог е милостив ќе ти прости... - Не можам оче срам ми е! - Да не е со Митра на воденичарот? - Не оче, голем грев, ми изгоре душата... - Да не е со Јана на грнчарот жена му? - Не оче... Ќе се варам цела вечност во Казан! - Да не е со снаата на даскалот Трајан? - Не оче, прости ми не можам, не можам да кажам... И си тргнал. На излегување од црквата се сретнал со свој сосед и соседот го прашува: - За каква работа си тука бе Трпе, што сакаш? - Ништо комшија, за адреси дојдов.
Оди Трпе кај селскиот поп да се исповеда.
- Оче згрешив, најсрамниот грев го направив!
- Кажи чедо, Бог е милостив ќе ти прости...
- Не можам оче срам ми е!
- Да не е со Митра на воденичарот?
- Не оче, голем грев, ми изгоре душата...
- Да не е со Јана на грнчарот жена му?
- Не оче... Ќе се варам цела вечност во Казан!
- Да не е со снаата на даскалот Трајан?
- Не оче, прости ми не можам, не можам да кажам...
И си тргнал. На излегување од црквата се сретнал со свој сосед и соседот го прашува:
- За каква работа си тука бе Трпе, што сакаш?
- Ништо комшија, за адреси дојдов.