Оди човек во манастир. Игуменот го прашува:
- Знаеш дека во нашиот манастир држиме завет на тишина?
Човекот тивко кимнал со главата.
- Тогаш, добредојде.
Поминуваат пет години и игуменот го повикал:
- Сине, поминаа 5 години откако дојде во нашиот манастир. Имаш право на 2 збора. Дали сакаш да кажеш нешто?
- Лош кревет!
- Во ред, сине! Оди во мир!
- Рекол игуменот.
По 10 години, игуменот повторно го повикал.
- Сине, поминаа уште 5 години. Имаш право на 2 збора. Ќе кажеш ли нешто?
- Лоша храна!
- Во ред, сине. Оди во мир!
По 15 години во манастирот, игуменот повторно го повикал.
- Па, сине, поминаа уште 5 години. Знаеш, имаш право на 2 збора.
- Се откажувам!
- Знаев! Само се жалиш откако дојде!