Доаѓа студент на предавањe, бара слободно место и седнува до професорот.
Професорот надмено вели:
– Птиците и свињите не седат заедно.
– Во ред, тогаш јас ќе одлетам. – се преместил студентот.
Професорот се изнервирал и решил да го бутне на испит.
Доаѓа време за полагање. Студентот оди и одговара за десетка. Професорот му поставува последно трик-прашање:
– Одиш по улица и гледаш две торби, во едната има памет, а во другата пари. Која торба ќе ја земеш?
– Со парите, професоре.
– Јас, пак, би го зел паметот. – остро рекол професорот.
– На кого што му фали, тоа ќе си земе. – му одговорил студентот.
– Во просторијава има еден голем идиot! – свикал професорот.
– Но, добро е што барем си признавате. – одговорил студентот полн со разбирање.
Професорот нервозно го зел индексот и во него напишал само ГОВЕДО.
Студентот го земал индексот и излегол. После една минута се вратил и мирно рекол:
– Извинете професоре, овде само сте се потпишале ама не сте ми ставиле оцена.