; ; ;
Причина
;
;
;
Български
English
Deutsch
Español
Русский
Français
Italiano
ελληνικά
Македонски
Türkçes
Українські
Portugal
Poland
Sweden
Dutch
Danish
Norwegian
Finnish
; }
Катерија:
категории вицови
Facebook Вицови
Слики
Најпопуларни
Најнови
Полицајски
Плавуши
Чак Норис
Семејни
Жени
Oще
Катерија:
Галерии
Политички
Предходна
Следна
Која е сличноста помеѓу политичари и пелени?
- И двете треба да се менуваат редовно од иста причина.
Во банка:
- За што земате кредит?
- Ќе возиме до Штип, на пастрмајлија...
Како македонски политичар лечи запек?
- Фрла пари во ВЦ шољата за да му зине г’зот!
Умира премиерот на Македонија. Утредента оди кај Свети Петар.
- Здраво Г-дин премиер.
- Здраво Свети Петар!
Вие Г-дин премиер сте важна личност и наш ред е да ви дадеме право на избор каде сакате да идете, дали во Рајот или во Пеколот. Затоа ќе останете по еден ден и на двете места за да видите како е и сами да си одлучите каде сакате да останете.
Одат прво во Пеколот. Влегува премиерот, гледа огромен базен, жени околу него. До базенот бар и сите стари негови пријатели од матните денове костумисани и дотерани. Свири некој добар бенд, околу играат жени. Ѓаволот страшен, облечен во некое скапо сако, се расфрла со пари и со жени околу него. Убавина! Поминува првиот ден, премиерот презадоволен!
Вториот ден оди во рајот. И таму многу убаво. Тишина, зеленило како на Беровско езеро. Свири убава музика, мил народ насекаде... И таму си поминал многу убаво, арно ама Пеколот му напраил многу поголем ќеиф и одлучил таму да се врати.
Оди премиерот повторно во Пеколот, влегува и има што да види. Пусто, чад од сите страни, смрдеж на умрено, пријателите негови како бездомници, невестите грозни...
- Премиерот: Абе, ѓаволе, вчера бев тука супер беше, базен, музика, жени, што бидна?...
- Ааа, Г-дин премиере. Исто како кај вас. Тоа вчера беше предизборна кампања, денеска веќе си гласал...
Шета еден министер со сопругата. Поминуваат покрај еден чистач и таа го поздравува.
– Кој е овој? – прашува министерот.
– Соученик. Порано многу ме сакаше, дури ми предложи и да се омажам за него…
– Ха! Ако си се согласела тогаш, сега ќе беше сопруга на чистач!
– Грешиш. Ако се согласев тогаш, сега тој ќе беше министер!
Едно дете го прашува својот татко:
- Тато што е тоа политика?
- Епа тоа ти е вака сине: Јас во фамилијава заработувам, значи јас сум капитализам, јас им плаќам на чистачката и дадилката значи тие се работници. Мајка ти ве чува тебе и брат ти и се грижи за се што е дома, значи таа е владата. А дедо ти гледа како работи мајка ти значи тој е синдикатот. Брат ти бидејќи е сеуште во пелени тој е иднината. Епа сега сине јас ти кажав што е политика, а сега ти размисли па наредниот ден ќе ми кажеш како ти ја замислуваш политиката.
Ноќта детето станало од креветот и тргна накај собата од малиот брат. Детето влегло во собата и го гледа малиов брат испостран до врат. Оди кај мајкава а таа спие и никако не можи да ја разбуди. Оди кај таткото и гледа дека татково внатре се работи со чистачката и дадилката, а гледа дека дедово постојано скришно ги гледа..и се вратило во собата... Наредниот ден таткото го прашува синот:
- Сине што е тоа политика?
На синот му текнало од вчерашната случка и рекол:
- Додека владата спиеше капитализмот ги дупеше работниците, синдикатот сето тоа го гледаше, додека иднината беше во гомна до гуша.
Колку СДСМ-овци се потребни за да сменат една расипана сијалица?
– 99 и Бранко. Бранко да вети дека ќе направи се што е во негова моќ за да ја смени и останатите 99 да стојат до него и да да се смешкаат.
Прв училишен ден во едно средно училиште во САД. Професорката го претставува новиот ученик Такиро Сузуки од Јапонија. Часот започнува професорката прашува:
- Сега ќе видам колку ја познавате американската историја. Кој рекол:
"Слобода или смрт?".
Во училницата штама и само Сузуки крева рака:
- Патрик Хенри, Филаделфија, 1775 год.
- Многу добро Сузуки... А кој рекол:
"Државата е народ и како таква никогаш не смее да умре".
Отишол Груевски кај берберот брицо да се подсрижи и како што е редот почнале муабет и брицо го прашува абе Коле се плашиш ли од Бранко Црвенковски, а овој одма, ма каков Бранко готов е тој нема што да се плашам, па го прашува а од Фрчко се плашиш ли а овој каков Фрчко кој е тој Фрчко, па го прашува а од Тито се плашиш ли а овој одма, каков Тито ние го растуривме Тито тој повеќе нема ништо, па го прашува а од Бранко Црвенковски се плашиш ли а овој малце лут абе каков Бранко нели ти кажав еднаш нема ништо тој, брицо продолжува а Коле од Андов се плашиш ли а овој одма каков Андов тој нема веќе партија му ја растуривме од него ќе се плашам, а од Ахмети се плашиш ли овој одма, ма готов е и тој на овие избори, па го прашува а од Манасиевски се плашиш ли, а овј абе каков Манасиевски и тој нема што да бара веќе готов е, и пак брицо го прашува а од Бранко Црвенковски се плашиш ли, и Груевски веќе многу лут му вика абе два пати ти реков не се плашам и не ме прашувај веќе за него, што си запнал толку од никој не се плашам па ни од него,,, и тогаш брицо му вика абе Коле кога ке ти го спомнам Бранко само од него косата ти се крева нагоре и многу ми е полесно да те шишам, а на другиве не реагираш му рекол брицо.
Додека одел по улицата македонски пратеник во собранието го удира камион и тој трагично загинува.
Неговата душа пристигнува во рајот и е пречекана од Св.Петар.
"Добредојде во рајот", му вика Св.Петар. "Пред да се сместеш, изгледа дека имаме проблем. Ние тука имаме процедура кога ни доаѓа некој "големец" како тебе, така да мора да бидеме многу официјални со вас политичарите, и затоа сега не сме сигурни што да правиме со тебе."
Оди Груевски кај Вили:
- Ако може една лесковачка.
- Сакате и прилог?
- Не, прилог ќе нарачам од Сител.
Предходна
Следна
;
Катерија:
категории вицови
Facebook Вицови
Слики
Најпопуларни
Најнови
Полицајски
Плавуши
Чак Норис
Семејни
Жени
Oще
Катерија:
Галерии
×
Додади виц
Title
Text
Error Message will be displayed here!
;}