Пушиш?
- Да.
- Колку дневно?
- Три кутии!
- Колку пари е една?
- 80 денари.
- И колку години пушиш?
- 15 години.
- Значи една чини 80 денари, а ти пушиш три дневно, што значи месечно на цигари трошиш 7200 денари. За една година тоа би било околу 86400 денари, така?
- Така.
- Ако годишно трошиш 86400 денари, за 15 години доаѓа околу 1.300.000 денари.
- Така е..
- Да не си пушел ти тие 15 години и да си ги собирал парите до сега ќе возеше Mustang GT.
- Ти пушиш?
- Не!
- Па кај ти е ”Мустангот” тогаш?