Во осигурителна компанија!

- Кај вас загарантирани ли се осигурувањата? Да нема проблем со исплата на обештетувањата?
- Што зборите?! Минатата недела, на пример, еден наш клиент падна од 14-тиот спрат. Уште не беше стигнат ни до 3-тиот, а жена му веќе си ги зимаше парите...

- Попе од каде е џипов!?

- Па се молев за точак, ама изгледа претерав со молитвите.

Трпана оди кај мајка и, да и каже:

- Мамо, трудна сум.
- Е па редно беше ќерко и од тебе човек да излезе!

Богат човек се запознал со убава жена и веднаш сфатил дека сака да се ожени со неа. На втората средба и понудил брак.

- Но, ние не знаеме ништо еден за друг - му рекла таа.
- Не е важно. Постепено ќе научиме сè еден за друг. Токму тоа е интересно.
Жената се согласила и се венчале. По свадбата заминале на скап меден месец во најубавиот хотел на Маурициус. Првото утро отишле во хотелскиот базен. Мажот се качил на скокалницата, направил комплицирано двојно салто и скокнал во водата. Кога испливал, и рекол на невестата:
- Фасцинантно, нели? Гледаш, јас сум олимписки шампион во скокови во вода. Ти реков дека ќе биде забавно да се запознаваме постепено.
Потоа жената скокнала во водата и испливала дваесет и пет должини, без да покаже ни минимални знаци на замор. Кога излегла од базенот, тој бил шокиран:
- Леле! Беше фантастично! Ти да не си олимписка шампионка во воден маратон?
- Не - одговорила таа. - Бев курва во Венеција и работев на двата брега на каналот. Навистина, интересно е да се запознаваме постепено...

- Многу ви е убаво палтото, кај го шиевте?

- Во Париз.
- А далеку ли е од Пехчаво?
- 2259км
- Види ти, колку забутано а како шијат...

Кумановска поезија:

Ноч, тишина...
маму му ебу која месечина...
ја гол, ти гола,
ма ебаја би и мртвога вола,
а камоли тебе љубави моја..

Разговор меѓу двајца пријатели:

- Жена ми вчера стави некаква амајлија над влезната врата за да не влегувале нечисти и лоши сили во домот...
- И?
- Денес се враќам од работа и ја гледам седи пред вратата и се скршил клучот, не може да влезе.

Врв на љубомора! Швалерката му ѕвони на типот:

- Каде си?
- Дома.
- Ај не ме лажи. Дај ми ја жена ти да ја слушнам!

– Добар ден,дојдов да ми извадите возачка дозвола.

– Господине ова е болница, не е авто школа.
– Знам, ми ја пикнаа во г’з, ама тоа е долга приказна.