Група жени и група мажи патувале со воз на семинар.
Секој од мажите си имал купено билет, додека целата група жени имала само еден билет. Мажите одвај чекале и тајно се радувале арогантните дами да си го добијат заслуженото.
Одеднаш една од жените извикала- “Кондуктерот доаѓа!”
Сите жени скокнале и влегле во тоалетот.
Кондуктерот им ги проверил билетите на мажите. Кога видел дека тоалетот е зафатен, тропнал на вратата- „Билетот ве молам!“
Една од жените го протнала билетот под вратата, кондуктерот го извлекол, го проверил и и го вратил.
На враќање мажите решиле да го направат истиот трик.
Купиле само еден билет за целата група, но многу се изненадиле, кога разбрале дека овој пат жените немаат ниту еден билет.
По некое време една од жените извикала- „Кондуктерот доаѓа!“
Веднаш мажите скокнале, отишле ви тоалетот и се заклучиле внатре.
Жените мирно се упатиле кон соседниот тоалет.
Пред последната жена да влезе во тоалетот, тропнала на вратата на машката тоалет и рекла: „Билетот ве молам!“