Се шетаат двајца вампири еден татко и еден син. Таткото му вика на синот:
- Сине види го гледаш она село.
А синот одговара:
- Да татко го гледам.
- Епа тогаш ако го гледаш, гледаш колку куќи има таму?
- Да тате многу куќи има.
- Кога ќе дојде 00:00 часот ние ќе се спуштиме доле и ќе му ја исцицаме крвта на секој еден члeн од семејството на секој 5 куќи.
По ова синот одговара:
- Ама тате зошто да се мачиме на секој 5 куќи зошто од првата куќа не им ја исцицаме крвта на сите членови од семејството.
На ова таткото одговара:
- Сине ние не сме извршители, ние сме вампири.