Една загрижена мајка отишла кај славниот психијатар Сигмунд Фројд.
- Што да правам со мојот син, загрижено прашала мајката.
- Во што е проблемот прашал Фројд?- Па видете детево во последно време многу се има изменето. Ги тепа сите деца и ги мачи животните. . . замислете, го уби и нашето верно куче кое буквално ни беше како члeн на семејството. Пред два дена рибите од аквариумот ги најдовме закачени на чачкалица. – Фројд: А колку години има вашиот син ?- Мајката: 13 докторе.- Психијатерот Фројд дискретно го погледнал детето и откако поразговарал со него рекол: Госпоѓо, вашето дете е на почетокот од пубертетот. Па, во овој период насилството е нормално за повеќе деца на негова возраст .Тоа не е некаков проблем.Ви благодарам докторе. . .
- Фројд: Немате причини да се вознемирувате. Тоа наскоро ќе му помине госпоѓо Хитлер!