Двајца браќа се враќаат дома целите модри со рани и скршеници. Мајката ги прашува:
- Добро бре, што направивте?
- Скокавме од авион!
- Иииииии!
- Ама имавме падобран.
- Уфффф.
- Ама не беше исправен.
- Иииииии!
- Ама имавме резервен.
- Уфффф.
- Ама и тој не беше исправен.
- Иииииии!
- Ама под нас имаше сено.
- Уфффф.
- А на сеното вила.
- Ииииии!
- Ја промашивме вилата.
- Уфффф.
- Го промашивме и сеното…