Соседите играат карти, едниот е вознемирен и не внимава.

Го прашуваат што му е, а тој молчи, конечно воздивнува, и вели:
– Жена ми сабајлево се тестираше и е трудна…
Молчење.
– Ве зезам бре, што пребледевте тројцата!

Цветко се јавува во полиција:

- Ало! Полиција?! Сакам да пријавам дека жена ми исчезна.
- Ќе ни дадете податоци и опис...
- Да, ќе ви кажам како изгледа само ако она не го види описот после...

Трпе патува со семејството на одмор со автомобил. По некое време малиот Трпе го прашува татко си:

- Тато, кој ти кажувал кога да менуваш брзина, каде да свртиш, како да си го ставаш ременот кога уште не си бил женет?

Трпе бил кај љубовницата и се вратил дома доцна во ноќта. Жена му го пречекала со прашање:

– Каде беше до сега?!
– Пааа...
– Случајно состанокот на работа да не ти траеше многу долго?!
– Да, да, на состанок...
– А зошто мирисаш на женски парфем?!
– Пааа...
– До тебе на состанокот да не седеше некоја жена?!
– Да! Секако, до мене седеше најстарата колешка.
– А зошто имаш женска влакна на сакото и кармин на кошулата?!
– Пааа...
– Сигурно во преполниот автобус некоја жена без да сака те извалкала?!
– Да! Така беше…
– Добро, ајде да си легнеме!
Мажот се соблекува:
– Еј, чекај! Зошто носиш женски гаќи?!
– Жено, ти си паметна измисли нешто.

Трпе и раскажува на жена си:

- Жено, си мислам, како се тркалаат годините… Имаме куќа, вила, две коли и две деца.
А се сеќаваш ли на времето – живеевме под кирија, возевме велосипеди и постојано немавме пари.
Ама, од друга страна пак, секоја вечер си легнував со дваесетгодишна...
– Легни си ти пак со некоја двадесетгодишна и ќе видиш како ќе ти се вратат и точакот и киријата и беспарицата!

Залетано влегува Трпе дома и задишан и вика на Трпана:

- Жено,дали слушна?
- Што?
- Владата одлучила да дава детски додаток на сите семејства кои имат по пет деца.
- Ама ние имамо само три.
- Ќе ми простиш жено, ама ја малку ти бев неверен едно време и у другото маало имам уште две вонбрачни деца.
Станува Трпе, и излегува од дома пак, а Трпана го прашува:
- Каде тргна?
- Идам да си ги земам децата и се враќам.
Се враќа Трпе дома со двете деца и ја прашува Трпана:
- Каде се другите три деца?
- Епа и комшиите чуле за новиот закон и дојдоа да си ги земат своите деца.

Се среќаваат стари пријатели:

- Како си?
- Одлично! Конечно се ослободив од гласовите што ми кажуваа што да правам.
- Со лекови?
- Не! Се разведов.

- Љубов, сакаш ли да ме ожениш?

- Сакам љубов, ама мојата вера не ми дозволува!
- Која вера?
- Жена ми, Вера.

Малиот Трпе го прашува татко си:

- Тато, колку години сте ти и мама во брак?
- Скоро десет.
- А уште колку години ви остануваат?

Влегува Трпана во спална и гледа женски гаки,и го прашува Трпе:

– Трпе од кај овие женски гаки?
А Трпе и одговара:
– Вчера ми ги даде комшијата си ги заборавила кај него.