Еден старец отишол во аптека и со последните пари си купил вијагра. Се вратил дома и решил да ја изненади бабата.

Со треперливите раце го извадил апчено, но му паднало на подот. Петелот кој се шетал во близина го кловнал и го проголтал.
Старецот многу се налутил, го фатил петелот и решил да го убие бавно. Се мислел како и решил жив да го замрзне.
По 4 часа мислејќи дека петелот веќе е замрзнат, го отворил замрзнувачот да погледне. И што да види? Петелот жив и од него тече пот.
– Што се случува овде? – Прашал старецот.
– Како што – рекол петелот – Знаеш ли колку беше тешко да и ги раширам нозете на замрзнатава кокошка.

- Си замисли ли желба пред да дувнеш?

- Да.
- Ти се исполни желбата?
- Не! Ми ја земаа возачката.

- Од каj си?

- Од Куманово.
- А сопругот?
- Од Струмицa.
- По дома како се разбирате?
- На Англиски, службен ни е.

- Месо јадеш ли?

- Не!
- А риба?
- И риба не јадам!
- Веган или вегетаријанец си?
- Не. Од Македонија сум...

Стариот знак на работничката класа беше срп и чекан.

Новиот знак на работничката класа е газ и гулаб - или лижеш или леташ!

Еден Македонец отишол на лекар со болки во градите. Му направил докторот рентген и рекол:

– Имате лебарка во белите дробови. Треба да одите во Германија на операција.
Отишол во Германија, го прегледале таму и му рекле:
– Вие сте 15-ти пациент што ни доаѓа од Македонија. Белите ви дробови се совршено здрави. Кажете им на докторите таму дека имаат лебарка во рентгенот!

- Честитки, операцијата мина успешно! Веќе сте жена!

- Ама докторе, вие требаше само да ми го извадите слепото црево!
- Значи на Вас, жените, никако не ви се погодува!

Влав пишува порака на друг влав:

- Јани, не можам да ти го најдам бројот, те молам ѕвони ми ти!
По некое време добива порака:
- Си го сменив телефонот, и јас ти го немам бројот.

Некој човек имал голем проблем. Бил многу „надарен“ и постојано ги кинел кондомите.

По последното кинење на кондомот, малку нервозен, пошол во аптека, го извадил алатот, тропнал на масата и прашал:
- Дали можи да ми најдите големина на кондом за алатов?
Аптекарката го видела и рекла:
- Тешко дека кај нас во Македонија можиш да најдиш таква големина, ама можеш да појдеш во Франција, таму тие се мераклии за овие работи, сигурно ќе најдеш.
Човекот го фаќа првиот авион за Франција. Стигнува во Париз и влегува во првата аптека, па и таму го извадил и ја прашал аптекарката дали може да се најде големина на кондом за неговиот алат. Аптекарката го гледала онака со широко отворени очи, но му рекла дека таква големина нема, и дека најдобро ќе биде тој да појди во Африка, затоа што таму биле исто така надарени црнците, па таму сигурно има.
Човекот го фаќа првиот авион за Камерун. Стигнал во Камерун и влегува во првата аптека, па и таму го извадил алатот и ја прашува аптекарката дали имаат кондоми со толкава големина. Аптекарката го гледа и викнала по својот помошник:
- Матумба, донеси од тие најмалите кондоми.

Влегуваат малиот Трпе со татко му во продавница. Трпе до касата забележува едни чудни мастики.

- Тато ај купи ми од овие.
- Не сине тоа се кондоми, ги користат машките кога ќе пораснат, за да имаат сигурен секс.
- А зошто се овие спакувани по 3 во една кутија?
- Тоа се кондоми за средношколци, едно за петок, едно за сабота и едно за недела.
- А овие што се спакувани по 6?
- Тоа се за студенти, по две во петок, две во сабота и две во недела.
- А овие по 12 во опаковка?
- А тоа сине ти е за женети, еден за во јануар, еден за во февруар, еден за во март...

Седат две баби пред зграда и едната и вика на другата:

- Леле вчера кога си одев дома, во влезот имаше манијак.
- Леле, ужас! - вика втората.
- Па да, истото го кажа и тој.