Трпана оди кај мајка и, да и каже:

- Мамо, трудна сум.
- Е па редно беше ќерко и од тебе човек да излезе!

Некој поп имал папагал што го сакал многу.Каде и да одел,секогаш го носел со себе, му купувал сè и сешто,а во црквата местото му било покрај олтарот.

Еднаш попот морал да оди по некоја итна работа,па го оставил папагалот дома. Кога се вратил, што да види: папагалот ги изебал сите кокошки на соседот.
За таквиот тежок грев попот му ја ишишал главата и го ставил покрај влезната врата на црквата да служи.
Додека верниците влегувале во црквата,папагалот морал да повторува:
- Мажите десно, жените лево, а децата во средина.
Така било пред секоја миса, сè додека пред вратата не се појавил некој целосно ќелав човек. Тогаш папагалот гракнал:
- Мажите десно, жените лево, децата во средина, а ти ќелав што си е*ел кокошки застани до мене!

Двајца пензионери на клупа, седат и разговараат:

- Кога имав 25 години, ќе ми се дигнеше и не можев да го свиткам ниту со две раце.
- Кога наполнив 50, ако се потрудев, можев да го свиткам за едно 10 степени.
- Кога наполнив 60, можев без проблем да го свиткам околу 20 степени.
- Следната недела ќе полнам 70 и можам да го свиткам до пола со една рака.
- Аха, а што е поентата на муабетов? - прашува другиот пензионер.
- Па, се чудам колку силен станувам како сè повеќе стареам...

Еден ден, додека дрвосечачот сечеше гранка од едно дрво над реката, неговата секира падна во водата. Кога заплака, се појави Господ и го запраша зошто плаче.

Тој му одговори дека секирата му паднала во водата и дека му е потребна, бидејќи така заработува за живот. Господ слезе во реката и се појави со златна секира.
- Ова е твојата секира?
- Не.
Господ повторно слезе и се појави со сребрена секира.
- Ова е твојата секира?
- Не.
Господ повторно слезе и се појави со дрвена секира.
- Ова е твојата секира?
- Да.
Господ беше воодушевен од чесноста на дрвосечачот па му ги даде сите три секири и дрвосечачот среќен си отиде дома.
После некое време, дрвосечачот се шетал со својата жена покрај реката, и жената му падна во реката. Тој заплака, а Господ повторно се појави и го запраша зошто плаче.
- Господе, жена ми падна во реката!
Господ слезе долу и се појави со Анџелина Џоли.
- Ова е твојата жена?
- Да! – рекол дрвосечачот.
Господ налутено...
- Ме лажеш! Тоа не е вистината!
- Прости ми Господе. Да речев дека не е моја жена, ти ќе се појавеше со Џенифер Анистон. Кога ќе речев дека и таа не е моја жена, ти ќе се појавеше со мојата жена. И кога ќе кажев дека тоа е мојата жена, ти ќе ми ги дадеше сите три и заради тоа реков дека Анџелина Џоли е мојата жена!

Трпана доаша дома и му вика на Трпе:

– Мажу, треба да имаме долг и сериозен разговор!
– Пократко не ли може?
– 4000 денари за чевли!

Трпе влага во бар и здовгледува една згодна девојка и почнува да и се пушта:

- Здраво маче!
– Имам сопруг…
– И јас имам ТВ дома, па некогаш одам на кино.

Во продавница за долна облека. Цветко ја прашува продавачката:

- Дали имате машки боксерици?
- Во моментов немаме господине, но можам да ви понудам женски боксери. Речиси немаат разлика.
- А дали сакате да ја извадам разликата и да те удрам со неа по на чело?!

Еден цар го поделил царството на две половини. Една за него и една за неговите синови. Еден ден ги повикал своите синови и им дал топ хартија:

- Решив да се повлечам во заслужен одмор, затоа кој ќе го скине топот хартија ќе ја дабие мојата половина од царството!
Пробале синовите, ама никој не успеал. Тогаш царот им рекол:
- Сами не успеавте, ај сега обидете се заедно лист по лист да го искинете.
Почнале синовите и за некое време го искинале заедно целиот топ, царот пак им се обратил:
- Запомнете, ги овие три лекции: тоа што не може да се направи одеднаш, може да се направи постепено. Кои не можете сами, може со помош на пријателите. И тоа што не е може со сила, може со памет. Дали разбравте?
- Да татко разбравме. - одговориле сите во еден глас.
- Ништо не сте разбрале! Само што ги искинавте сите тапии од вашата половина на царството и сега пак е моја!

Бабата му вели на зетот:

- Зете кога ќе умрам, не сакам да ме закопувате. Сакам да ме кремирате и пепелта да ја истурите низ дворот.
- Мајкатааа... и кога малку ќе дувне ветер, пак да ни влезеш дома...

Некој џанак се буди сабајле и ја прашува баб си:

- Бабо, ќе ми направиш мекици?!
- Е како да ти направам мекици, кога синоќа цело брашно си го ишмркал!