Трпе му се доверува на Цветко:

- Нешто многу ме мачи.
- Кажи да ти помогнам.
- Треба да се женам, имам две девојки.
- И?
- Едната е постара вдовица, ама многу богата, има 3 коли, 2 џипа и 4 стана.
- А другата?
- Млада, згодна и паметна девојка, ама сиромашна.
- Ожени се за младата, битна е љубовта! … А, каде живее таа вдовицата?

Трпана го прашува Трпе:

- Миличок, во твоите еротски соништа јас горе сум или доле?
- Ти си кај мајка ти!

Трпана му ѕвони на Трпе:

– Мили, имаш сериозен проблем!
– Што е станало?
– Удрив со колата во една тојота. Му предложив да му платам во натура и тој се согласи!
– И каде е тој мој проблем!?
– Сопственикот е геј...

Во темна ноќ со густа магла, Трпе вози и одеднаш удира кола пред себе без запалени светла. Излегува од колата и изнервирано му вика:

- Шо си ги изгасил светлата бе, нели гледаш колку е темно?
- Па, мислев дека во своја гаража можам да правам шо сакам!

Трпана и врти на Цвета по телефон:

- Цвето, да не е маж ми кај тебе?!
- Не, зошто?
- Слушнав почнал да оди по курви, па си помислив да не е кај тебе.

Се враќа Трпе од службен пат дома и ја гледа Трпана, па ја прашува:

- Што ти е тоа на вратот?! - А, ова на вратот? Се гризнав...

Се караат Трпана и Цвета:

- Да даде господ, швалерот сида да ти фати!
- Не го колни маж ти мориииии!

На крајот од состанокот, директорот прашува:

- Има ли некој некое прашање?
Цветко станува и вика:
- Јас имам директоре, ебете ли вие нешто друго освен нас?

Трпе тајно се оженил без да знае мајка му. Па одлучил да ја зеза и донел жени дома:

- Мамо, се оженив! Погоди со која од овие три жени!
Мајка му без двоумење одговорила:
- Со оваа во средина!
Трпе зачуден ја прашува:
- Ама како знаеше од прва?!
- Уште одма почна да ме вознемирува!

Трпе се враќа од работа и прашува:

- Мила, што има за ручек?
- ИКЕА сендвич.
- Што е тоа?
- Сите состојки се во фрижидерот, само состави го!